за

175 години од првата мелница за кафе на Peugeot

Свежото мелено кафе е посебно уживање и тоа го знае секој кафепиец. Мелниците за кафе на Peugeot со генерации се дел од бројни домаќинства во светот. Тоа е производ од почетоците на Peugeot.

Производството на мелници за кафе е првиот бизнис на браќата Жан Пјер и Жан Фредерик Пежо, како потомци на стара фамилија мелничари од регионот Монбеље. Местото се наоѓа во близина на денешната матична фабрика Сошо, на 70 километри југозападно од германско-француската граница. Браќата година ги поставија темелите на индустриското производство на семејното претпријатие со своите мелници. Покрај алати, во следниот период се произведуваа и пружини за машини за шиење и за часовничарската индустрија, како и обрачи за дамските фустани од тоа време.

Првите мелници за кафе се произведени во 1840 година и истите беа мошне ценети по квалитетот и ситното мелење на зрната кафе. Овие мелници остануваа со генерации во семејствата. По големиот успех, Peugeot го прошири бизнисот со мелници за бибер во 1874 година, за денес понудата да ја сочинува широк спектар од производи за кафе, зачини и кашкавал. Производителот е толку  убеден во долготрајноста на своите производи што дава гаранција од 25 години.

Старото лого на Peugeot до денес се наоѓа на нивните мелници. Станува збор за лав што оди по стрела. Логото потекнува од 1847 година, кога Жил и Емил Пежо нарачале од златар во Монбеље да им изработи симбол што ќе претставува заштитен знак за алатите на Peugeot. Кралот на животните совршено ги симболизирал трите најважни својства на тогаш прочуените листести пили на Peugeot: Издржливост, подвижност и брзина. Покрај тоа, лавот се наоѓа на грбот на Франше-Комте, родното место на Пежо. Во 1858 година лавот е регистриран како заштитен знак.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Донкерволке замина, Штефан Зилаф е новиот главен дизајнер на Bentley

Вилушкари со погон на водород во фабриките на Mercedes