за

13 000 нарачки за новиот Range Rover

За само три месеци, новиот Range Rover се продаде во 13.000 примероци, што ги надминува сите очекувања на производителот. Планираниот контингент е веќе распродаден во некои земји, на пример во Австрија треба да се чека една година до испораката на возилото.

За цела 2012 година, претходната генерација на Range Rover се продаде во околу 26.000 примероци во светот, а новакот успева да постигне половина од продажбата само за еден квартал. Тоа значи раст на продажбата од 400 проценти!

Очигледно е дека Британците ќе мораат да планираат проширување на производствените капацитети многу поголемо од првично планираното. Покрај класичната изведба на престижниот теренец се планирани уште неколку моделски изведби, меѓу кои верзија со продолжено меѓуоскино растојание, наменета за Кина, како и бизнис варијанта, со комплетна комуникациска и комфорна опрема како во работна канцеларија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Москва заглавува најмногу

Што ти вреди технологија ако не те возбудува