127 милијарди долари заработка на светската автоиндустрија лани

Производителите на автомобили лани во просек заработувале 6,6 проценти по возило. Најголемиот дел од добивката доаѓа од премиум моделите, како и од растечките пазари во Кина и во САД.

Вкупната добивка на светската автомобилска индустрија лани достигнала рекордна вредност со 127 милијарди долари. Браншата заработувала во просек 6,6 проценти по возило, што е значително повеќе отколку преклани, со добивка од само четири проценти. Повеќе од две третини од вкупната добивка на автоиндустријата отпаѓа на Кина, со 50 милијарди долари, и на САД, со 38 милијарди долари. Европа учествува во значително помала мера, со само 14 милијарди долари.

Премиум моделите носат петпати поголема добивка од моделите од средната класа

На премиум марките отпаѓаат близу 40 проценти од добивката, иако тие учествуваат со само 12 проценти во вкупната продажба на возила во светот. Кина е најважен пазар за овој сегмент, каде што производителителани заработиле исто колку во Северна Америка и Европа заедно. Производителите на возила од премиум сегментот во просек заработиле 10 проценти по возило. Наспроти тоа, моделите од средната класа донеле добивка од само пет проценти, што е помалку дури и од класа на малечките автомобили, кадешто прозиводителите лани заработувале 7 проценти по возило. Премиум марките заработуваат во просек 5.700 долари по возило, што е речиси петпати повеќе отколку кај моделите од средната класа (1.300 долари) и преку седумпати повеќе од моделите од ниската класа (800 долари).

Претходна објаваRolls-Royce со рекордна продажба лани: Интерес и за користените
Следна објаваКои средства за полирање се најдобри за автомобилскиот лак?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here