за ,

100.000 електрични автомобили продадени лани во Западна Европа

Додека Македонија се усреќува со мерцедеси стари по 20 години и се задушува во смог, Западот веќе сигурно го вози електричниот бран. Продажбата на електромобили лани пораснала за преку 50 проценти.

Во текот на минатата година, во ЕУ се продадени 75.331 електричен автомобил, што претставува зголемување од 36,6 проценти. Фантастични стапки на пораст се забележани на клучните европски пазари. Во Велика Британија лани се продале трипати повеќе автомобили со погон на струја отколку во 2013 година, потоа следат Германија со +70,2 проценти и Франција со +29,8 проценти. Гледано на целата територија на Западна Европа, најмногу автомобили со погон на струја се продадени во Норвешка, дури 19.767 возила, односно двојно повеќе отколку во 2013 година.

Во автомобили со погон на струја, освен возилата што ја користат само енергијата во батериите, спаѓаат и електромобилите со дополнително вграден мотор којшто служи како генератор на струја, откако ќе се испразнат батериите, како и хибридите со надворешно полнење на батериите, т.н. плагин-хибриди.

Рекордер во продажбата на автомобили само со погон на струја е Норвешка со 18.090 возила, пред Франција со 10.561 и Германија со 8.522 возила. Потоа следат Велика Британија (7.416), Холандија (2.982) и Швајцарија (1.659). Од водечките пазари, најголем раст во продажбата на возила само со погон на струја забележала Велика Британија, со +172,7%. Учеството на „чисто“ електричните автомобили се разликува од пазар до пазар. Така на пример, во Германија, чисто електричните автомобили учествуваат со околу 65 проценти, додека во Франција нивниот удел изнесува дури 85 проценти, односно преку 91 проценти кај лидерот Норвешка. За нагорниот тренд придонесуваат и државните субвенции и повластици за возачите во повеќето држави, кадешто сосема очекувано, најголеми предности имаат возачите во Норвешка. Нашите „европски“ соседи, Грција и Бугарија, сепак немаат напредувано премногу, со само два чисти електромобила кај источниот сосед. И кога сега ќе дочекаме да увезуваме користени електрични автомобили од Бугарија?

Продажба на електрични автомобили во Западна Европа во 2014 година
Вкупно електромобили Вкупно со погон само на струја
Земја 2014 Промена
2013 [%]
2014 Промена
2013 
[%]
Австрија 3.641 12,8% 1.281 95,9%
Белгија 2.032 148,1% 1.164 132,8%
Бугарија 2 100,0% 2 100,0%
Велика Британија 15.361 300,8% 7.416 172,7%
Германија 13.118 70,2% 8.522 40,8%
Грција 64 1500,0% 0
Данска 1.612 148,0% 1.612 148,0%
Естонија 402 168,0% 398 167,1%
Ирска 256 412,0% 221 351,0%
Италија 1.473 25,5% 1.098 27,1%
Латвија 391 2907,7% 176 4300,0%
Полска 3.968 108,8% 81 161,3%
Португалија 289 30,8% 189 13,9%
Романија 7 75,0% 7 75,0%
Словачка 169 24,3% 58 866,7%
Унгарија 43 168,8% 32 220,0%
Финска 440 101,8% 183 266,0%
Франција 12.488 29,8% 10.561 20,3%
Холандија 12.920 -42,6% 2.982 13,9%
Чешка 583 22,7% 197 432,4%
Шведска 4.667 201,7% 1.239 186,8%
Шпанија 1.405 59,1% 1.076 32,7%
ЕВРОПСКА УНИЈА 75.331 36,6% 38.495 56,6%
ЕУ15 69.766 33,0% 37.544 54,2%
ЕУ (Нови членки) 5.565 106,5% 951 293,0%
Норвешка 19.767 140,8% 18.090 129,5%
Швајцарија 2.693 55,0% 1.659 43,5%
ЕФТА 22.460 125,8% 19.749 118,5%
ВКУПНО ЗАПАДНА ЕВРОПА (ЕУ+ЕФТА) 97.791 50,2% 58.244 73,2%

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Легендарниот Borgward се враќа по половина век

Два нови пневматика од Nokian за спортски теренци