за ,

Њујорк 2015: Купе-теренецот на Infinity порасна повторно

Купе-теренците не се специјалност на BMW, туку тие веќе подолго време се дел од редовната понуда на Infiniti. Новиот QX50 на престижната американска марка на Nissan доживеа премиера во Њујорк.

Подобрена просторна понуда и изглед дотеран според актуелниот дизајнерски код се главни одлики на новата генерација на кросоверот на Infiniti. Кон крајот на годината, новиот QX50 ќе стартува со продажба и на поголемите пазари во Европа. Кросоверот што спојува спортски теренец и купе порасна за 11 сантиметри, а има и осум сантиметри повеќе во меѓуоскиното растојание. Освен маската, погледот го привлекуваат развлечените предни светла со ксенонска техника и интегрирани дневни светла.

[quote_box_right]Infiniti го понуди EX35 во 2007 година – претходник на QX50 – како еден од првите купе-теренци, со погон назад или на сите тркала и со еден од најсилните мотори во сегментот. Помошта при паркирање преку панорамски приказ исто така е една од пионерските заслуги на марката.[/quote_box_right]

Под хаубата работи шестцилиндарски бензинец во V со работна зафатнина од 3,7 литри и моќност од 320 КС. На европскиот пазар се нуди дополнително и верзија со трилитарски дизел мотор со 239 КС. Обете верзии поседуваат седумстепен автоматски менувач.

Спортските возни својства произлегуваат од напредното водење на тркалата, со две триаголни водилки напред и задна оска со повеќе водилки, при што поголемиот дел од елементите е изработен од алуминиум. Цените за Infiniti QX50 на американскиот пазар стартуваат од 35.000 долари за верзијата со заден погон, додека верзијата со погон на сите тркала чини од 36.400 долари нагоре.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Њујорк 2015: Сите светски премиери на салонот покрај Хадсон Ривер

Видео: Најлошиот возач на Porsche на сите времиња