Откако се врати во живот како евтина марка на Renault во 2004 година, Dacia продаде 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранот. Продажбата штотуку почнува да зема залет.
Од 2004 година, Dacia продаде 3,5 милиони возила во Европа и Медитеранот. Евтината марка на која што сите големи производители му завидуваат на Renault од повторното лансирање пред единаесет години постојано бележи раст во продажбата. Само во првото полугодие од 2015, Романците во 44-те земји продадоа 290.000 возила, што претставува зголемување од 10,1 проценти во споредба со истиот период лани. На дури 19 пазари, марката Dacia постави нови продажни рекорди во првите шест месеци од годинава.
За евтината марка на Renault во првото полугодие се решија 205.000 купувачи само на територијата на Европа. На најважниот пазар за марката во Европа и домашна територија на Renault, на францускиот пазар, Dacia е на петтото место на најпродавани марки. Ако се сметаат само возилата што се во приватна сопственост, тогаш Dacia е четврта најпродавана марка во Франција.
















