Во Брисел се случуваат и корисни работи за светов, на пример производство на A1. Од најмалечкиот модел на Audi денес се произведе 500.000-от примерок во белгиската фабрика.
Моделот што го одбележа јубилејот на половина милион произведени примероци во фабриката на Audi во Брисел е црвен A1 S line, со 1,4-литарски мотор TFSI и нарачан е од купувач во Германија. Неговото Височество Филип, Кралот на Белгијанците, лично го посети погонот на Audi во Форест. „Посетата на Кралот за јубилејот на A1 е голема чест за нашиот тим во Брисел. Нашите работници тука ја произведуваат серијата А1 со искуство, умешност и страст, докажувајќи ја на тој начин конкурентноста на нашата фабрика во светски рамки.“
Фабриката во Брисел располага со последната производствена техника на Audi. Марката од Инголштат веќе четврта години го произведува својот најмал модел во оваа фабрика.
Неколку факти за славеничкиот модел:
34% од продадените Audi A1 се во бела боја, 11% во црвена и 25% во црна. Околу 40% од сите продадени примероци се нарачуваат со двобојна каросерија.
Audi A1 е составен од 4.800 делови, коишто се испорачуваат од 760 добавувачи
80% од купувачите на Audi A1 претходно возеле автомобил од друга марка
Секој работен ден од Брисел излегуваат по 520 примероци од Audi A1
Германија е најголем пазар за моделот, пред Велика Британија и Франција
Ако половина милион примероци од Audi A1 се наредат во колона, таа ќе биде долга 2.000 километри, односно од Брисел до Москва
31% од возилата имаат автоматски менувач
56% од продадените примероци имаат три врати, остатокот е со пет врати.
Ако сите продадени примероци од A1 се наредат едно до друго, тие ќе зафатат површина на 528 фудбалски игралишта
















