за

Штедлив и тивок: Нов дизел со 120 КС за Opel Zafira Tourer

Opel ја збогати понудата на штедливи мотори за популарниот ван со новиот 1.6 CDTI со 120 КС. Дизелот е дел од новата генерација што се одликува со тивка и економична работа.

Нова верзија на 1,6-литарскиот дизел на Opel е достапна за семејниот ван Zafira Tourer. Со 120 КС, новиот мотор се придружува на постоечката верзија со 136 КС, којашто имаше премиера во минатиот септември. Обата члена на новата генерација мотори се одликуваат со ниска потрошувачка на гориво и висока култивираност во работата, како и со ниска бучност. Моторите се дел од моделската и погонска офанзива на Opel, во којашто е планирано до 2018 година на пазарот да се претстават 27 нови модели и 17 нови мотори од марката. Новата основна верзија со дизел мотор на Zafira Tourer на германскиот пазар стартува од 26.850 евра.

Верзијата со 120 КС стандардно доаѓа со систем старт-стоп и повраток на енергијата при сопирање, како дополнителни мери за подобрување на штедливоста. Последниов систем претвора дел од кинетичката енергија на возилото при сопирање или возење под инерција во електрична енергија, којашто понатаму се користи за полнење на акумулаторот. На тој начин се растоварува алтернаторот, којшто инаку ја користи енергијата од моторот. Дополнително се користи и специјален акумулатор со впивлива стаклена волна, заради поголемото оптоварување. Посебните облоги од стаклена волна го впиваат електролитот и со нивната висока густина го намалуваат внатрешниот отпор, што води кон подобрен старт на ладно и поголема трајност.

На крајот произлегува просечна потрошувачка од 4,5 литри дизел и емисија според идната норма Euro 6, постигната со селективна каталитичка редукција, односно дополнително впрскување на уреа во агрегатот. Блокот и главата на моторот се изработени од алуминиумска легура, што ја намалува тежината за 20 килограми во споредба со претходникот, а системот за впрскување работи под 2.000 бара, односно под 25 проценти повисок повисок и може да го впрскува горивото во десет одделни секвенци по еден работен такт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилски егзибиционизам: Дрифтинг на кружен ток

Семафорот има 100 години!