Шпанија одвојува нови 175 милиони евра за замена на старите автомобили

Шестпати по ред шпанската влада продолжува со субвенционирање на купувањето нови автомобили со по 2.000 евра по возило. Продажбата во мај резултираше со пораст од 17 проценти.

Шпанската влада одвои нови 175 милиони евра за да овозможи сопствениците на стари автомобили да ги заменат своите возила со нови. Програмата Pive предвидува субвенција во висина од 2.000 евра при купувањето нов автомобил. Половината од субвенцијата паѓа на товар на владата, другата половина на производителите на автомобили.

Во минатиот месец продажбата на нови возила на шпанскиот пазар забележа пораст од 17 проценти, што се должи првенствено на програмата за субвенционирање на купувањето нови возила. Пазарот расте веќе девет месеци во континуитет и првичната прогноза за 820.000 продадени возила до крајот на годинава се коригираше на 850.000 возила.

Субвенцијата е дел од поширокиот пакет на мери за поттикнување на економијата што предвидува вкупно 6,3 милијарди евра и вклучува мери за унапредување на шпанската индустрија, истражувањето и развојот, заштедата во енергетиката и транспортот.

Претходна објаваПрв споредбен тест на Mercedes C, BMW 3 и Audi A4 во Auto Bild
Следна објаваCorvette Z06 ќе игра во највисоката лига

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here