Хибриден и теренски Kia Soul за салонот во Чикаго

Kia планира теренска изведба на трендовскиот кросовер Soul. Во Чикаго ќе дебитира студијата Trail’ster со електромотор за задната оска и каросерија во стил на теренец.

Моделот Soul и досега беше добар, со впечатливиот дизајнерски и функционален спој на компактен автомобил и ван. Американската филијала на Kia сега има намера да ги додаде и третата и четвртата варијација во концептот на кросоверот, со воведување погон на сите тркала и додавање стилски елементи на теренец во каросеријата. Студијата Trail’ster го реализира погонот на сите тркала на интересен начин. За погонот на задната оска служи електромотор, како помош за турбо-бензинецот задолжен за предните тркала. Како заокружување на пакетот доаѓа и платнен покрив. Комбинацијата од компакт, ван, теренец, кабриолет и хибрид засега е само студија, но не е исклучено моделот наскоро да се појави и во продажба. Kia денес ја објави само „тизер“ фотографијата од Trail’ster, премиерата на моделот е на 12-ти февруари, на салонот во Чикаго.

Претходна објаваНовиот Focus RS доби „одобрение“ од Кен Блок
Следна објаваЛегендарниот Borgward се враќа по половина век

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here