Французите заинатени повторно да имаат спортски автомобил – на струја

Фирмата Exagon Motors планира да им се спротивстави на Tesla & Co.со купе со четири седишта и два електромотора со по 400 КС. Каросеријата на Furtive-eGT тежи само 120 килограми.

Електричниот погон на Furtive-eGT е развиен во соработка на производителот Exagon со SAFT, кој ги снабдува литиум јонските батерии, и Michelin, од кого потекнуваат погонските оски и гумите, и се состои од два специјално изработени електромотора од Siemens. Главната сензација би требало да биде фактот што Furtive-eGT е првиот четирисед со монокок конструкција изработена од карбон.

Во изработката на каросеријата се користени технологии од формула 1. Главната структура е изработена од карбон со саќеста потструктура, додека задниот дел се состои од алуминиумски делови. Благодарение на овие материјали, каросеријата тежи само 124 килограми, што и покрај тешките литиум јонски батерии му обезбедува на четириседот исклучително поволен сооднос меѓу тежината и моќноста на погонот.

Секој од двата електромотора од Siemens испорачува моќност од по 400 КС, така што забрзувањето од место до 100 километри на час за само 3,5 секунди се чини како мошне веродостоен податок од францускиот производител. Според инженерите на Exagon, погонот реагира на притискањето на педалот за гас за само една десетинка од секундата.

Претходна објаваBMW M4 – Возење на работ, буквално!
Следна објаваЕксклузивни фотографии од новата генерација на Opel Corsa

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here