Франција ќе се збогува со дизелот

Француската влада најави проект за постепено повлекување на дизел горивото и воведување систем што ќе го ограничи користењето на стари возила со нечист издув.

Премиерот на Франција, Мануел Валс, за в година најави воведување на систем за класификација на автомобилите според нивната емисија на штетни гасови, со можност за ограничување на пристапот во градските центри за автомобилите со најлоша емисија. „Долго време го фаворизиравме дизелскиот мотор во Франција. Тоа беше погрешно и прогресивно ќе ја поправаме истата, интелигентно и прагматски“, изјавува премиерот. Околу 80 проценти од автомобилите во Франција имаат дизел мотор.

Со воведувањето на новиот даночен систем, Французите ќе мораат да се префрлат на поеколошките автомобили. Покрај тоа, за следната година е предвидено и укинување на даночното ослободување за дизел горивото. Владата на Валс ќе ја зголеми акцизната ставка за дизел горивото за 2 евроценти по литар, што ќе донесе 807 милиони евра во државната каса во 2015 година. Покрај тоа, премиерот на Франција планира воведување субвенции за модифицирање на старите дизелски мотори во регионите кадешто ќе биде предвидена реализација на заштитата од штетните гасови од автомобилите. Франција им обезбедува субвенција во висина од 10.000 евра на сите сопственици што го заменат стариот автомобил со дизел мотор со електричен автомобил со нулта емисија на штетни гасови.

Претходна објаваЖенски автомобил на годината: Mercedes S-Class е број 1 кај жените
Следна објаваFiat S76: Ѕверот од Торино (видео)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here