за ,

Франкфурт 2015: Тајванска фирма со уште еден конкурент за електричната Tesla

Електро-специјалистот на салонот е присутен со скромен штанд, а веднаш отспротива на трипати поголема површина изложува тајванската фирма Thunder Power. Нивниот електромобил не е за отфрлање.

Публиката на салонот во Франкфурт може да посведочи на следната успешна сторија на стартап фирма што најавува производство на електрични автомобили. Замислата на луѓето од Thunder Power е сосема на место. Финансиите и иновациската сила доаѓаат од Тајван, инженерите и дизајнерите од Европа. Првиот чекор со изложувањето на нивниот Thunder Power на најзначајниот салон во светот засега може да се оцени како успешен.

Необичниот дизајн го носи потписот на италијанската легенда Zagato
Необичниот дизајн го носи потписот на италијанската легенда Zagato

Впечатливиот изглед на електричната купе-лимузина е дело на италијанската дизајнерска работилница Zagato, а за компонентите во погонската спрега се задолжени Bosch, Dallara, CSI и цела низа реномирани добавувачи. Thunder Power ќе го бара своето место на пазарот како луксузна електрична лимузина со врвни перформанси. Купувачите ќе можат да избираат изведба со електромотор со 310 или 430 КС. Уште поимпресивни се следниве податоци: Досегот со едно полнење ќе изнесува до 650 километри, а батериите за половина час ќе се полнат до капацитет што ќе биде доволен да се извозат 300 километри. Како што откриваат од тајванската фирма, електричната лимузина е развивана пет години.

Тежина под два тона и покрај огромниот батериски модул

Литиум-јонските батерии со водено ладење и капацитет од 125 киловатчасови се вградени во подот на возилото. Иако станува збор за огромен батериски модул, од Thunder Power наведуваат дека тежината на автомобилот изнесува помалку од два тона.

Производството на Thunder Power ќе стартува в година во фабрика во кинескиот Шаосинг, за почетокот на продажбата да следува во 2017 година, прво на кинескиот пазар, а потоа и во Европа. За цената никој во Thunder Power не сака да открива детали. Но, сигурно е дека автомобилот нема да биде евтин. Барем во тоа се исти со Tesla Model S.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франкфурт 2015: Ова се најубавите автомобили на салонот

паѓа продажбата на дизелот

САД го обвинуваат Volkswagen за манипулации околу издувните гасови