Упад во Porsche: Крадците обиле 110 возила

Прексиноќа во Лајпцих биле обиени 110 возила на фабричкиот паркинг на Porsche. Безбедносниот персонал не воочил ништо.

На фабричкиот паркинг се наоѓале стотици примероци од Porsche Panamera и Cayenne и го чекале моментот да се испорачаат на сопствениците. Цел на обивањето биле воздушните перници од страната на возачот. Сите 110 возила останале без овој модул. Материјалната штета се проценува на 50.000 евра, но оштетувањата на самите возила се неспоредливо поголеми.

Крадците немале проблем да влезат во фабричкиот круг, каде што никогаш досега не бил инсталиран алармен систем. Поради тоа, крадците можеле непречено да ги обијат возилата и да ги извадат модулите на воздушните перници. Во кругот се вработени чувари, но крадците го искористиле моментот на смена за да влезат во фабриката. Неодамна Porsche го одбележа 100.000-от примерок од Panamera од фабриката во Лајпцих.

Претходна објаваНаследникот на SLS AMG доаѓа во 2016 како GT
Следна објаваАвтопат од соларни ќелии место асфалт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here