Украдени возила во милионска вредност запленети во Британија

Возилата биле сокриени во бродски контејнери и подготвени за испорака на црните пазари низ светот

Во контејнери во осум британски пристаништа се пронајдени украдени возила чија што пазарна вредност изнесува околу 1,5 милион евра.

Во координирана акција на британските институции е откриена огромна количина на возила и делови за возила. Украдените автомобили биле откриени во британските пристаништа, подготвени за испорака на глобалниот пазар. Организираната банда располагала со возен парк од луксузни возила од повеќе марки, меѓу кои Range Rover, BMW и Porsche, како и камиони од марката Scania, па дури и еден багер. Запленети се вкупно 44 возила со пазарна вредност од вкупно 1,5 милион евра, сокриени во метални контејнери за бродска испорака.

Се претпоставува дека автомобилите биле наменети за продажба во подалечни земји, како САД, Малезија и Бурма. Осумнаесет возила биле украдени од пред домовите на сопствениците, додека останатите возила биле обезбедени на лизинг со редовни отплати. Исто така е откриен контејнер со делови од 29 различни автомобили од марката BMW. Поголемиот дел од возилата биле украдени со оригиналните клучеви.

http://www.youtube.com/watch?v=I8fe3nNUmBg

Извезувањето и продажбата на украдени возила на црниот пазар е исплатлив бизнис за организираните криминални групи, меѓу другото и со избегнувањето на даноците и царините. Некои групи плаќаат и за шверц на наркотици што се сокриени во возилата. Лани во Британија биле украдени околу 90.000 возила, од кои повеќето се извезени од државата од страна на криминалните групи. Крадците особено ги таргетираат теренските возила, коишто се продаваат во земјите кадешто нивниот престижен статус им ја зголемува вредноста.

Претходна објаваDaimler се откажа од акциите во електро-специјалистот Tesla
Следна објаваAudi го има најбрзиот роботизиран автомобил во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here