Технологијата е „закон“ во овој суперавтомобил: Techrules Ren

Моќност од 1.305 коњски сили и забрзување до сто за 2,5 секунди, а потрошувачката колку на градски автомобил? Можно е, главната заслуга за тоа ја има млазната турбина којашто ги полни батериите за електромоторите, а повремено може и самостојно да го движи автомобилот. Со тоа следуваат дизајн од Џуџаро, беспрекорна карбонска конструкција и најавен старт на производство за 2018 година.

Суперавтомобилот на Techrules е подготвен за сериско производство. Кинеската компанија го прикажува Ren на салонот во Женева во финалната форма, со спектакуларни дизајнерски идеи и уште поспектакуларен погонски концепт. За потсетување, овој електричен автомобил ги полни батерите преку турбина.

Во традиционалната кинеска култура, рен е првата од петте вродени вредности на секој Кинез, за давање придонес на општеството. Рен се однесува на хуманост и добрина и избран е за првиот суперавтомобил на Techrules, затоа што истиот го рефлектира духот што многубројните ценети научници, инженери и дизајнери го внесоа во проектот.

Дизајнот исто така се инспирира од аеронаутиката, со куполата што се подигнува за пристап во возилото, и сето тоа е со потпис на Фабрицио и Џорџето Џуџаро. Не отсуствуваат ниту ласерски светла. Создателите на Ren имаат интересна идеја и за практичноста. Италијанскиот мотоспорт-специјалистот Gianetti конструираше три различни куполи: За тркачка патека, кога само возачот е во возилото, за „Леман“ со простор и за совозачот, и трета, кога во возилото има уште еден патник.

Techrules Ren 00006

Главниот спектакл сепак е во хибридниот погон, со турбина којашто служи за полнење на батериите. Предвидени се повеќе различни конфигурации, при што врвната располага со 1.305 КС. Во комбинација со батериски капацитет од 25 киловатчасови и по еден електромотор за секоја оска, Techrules Ren теоретски може да извози 1.170 километри со само 80 литри гориво. Тоа дава просечна потрошувачка од 6,84 литри гориво на сто километри.

Techrules најавува и семејна лимузина и градски автомобил со техниката од Ren

Силен италијански печат е присутен во стилот во кабината, обложена со најфина италијанска кожа и алкантара, со деним на седиштата произведен од Pantaloni Torino. Сите можни системи за асистенција се на „борд“, во средината на воланот е самонивелирачки дисплеј, има и три монитора за камерите што надгледуваат зад возилото.
Tehrules планира да понуди цела гама од модели, вклучувајќи семејни и градски автомобили, коишто ќе ја користат модуларната платформа од Ren.

Techrules Ren 00011

Во средината на февруари техничарите на кинеската компанија го тестираа Ren на тркачката патека во Монца, за завршни дотерувања на карбонскиот монокок, подвозјето, управувањето и погонската спрега. Стартот на сериското производство се очекува во почетокот на 2018 година.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ · TECHRULES Ren

Моќност 960 kW (1305 КС)
Вртежен момент 2.340 Nm
Забрзување 0-100 km/h за 2,5 s
Крајна брзина 320 km/h
Потрошувачка на гориво 7,5 l/100km
Батерии литиум-јон, капацитет 25 kWh
Монокок изработен од карбон
Суспензија: триаголни водилки напред и назад
Димензија на гуми: 265/35 R22
Димензии на каросерија: 4,694 х 2,048 х 1,200 mm
Меѓуоскино растојание 2.723,5 mm
Ширина на трага напред/назад 1,818 mm / 1,808 mm
Тежина на празно возило 1,630 kg
Сопирачки: Напред вентилирани карбонски дискови Ø 380 х 37 mm wide, 6-клипни, назад Ø 355 х 35 mm, 4-клипни

[FAG id=27421]

Претходна објаваGoodyear со гума што мисли, чуствува, се менува – и топчеста е
Следна објаваVolkswagen стокми гран-туризмо во стилот на Panamera

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here