Реномираниот АДАК тестираше 35 модели на летни гуми во две големини, 185/60 R 14 за автомобили од класата на Polo и 205/55 R 16 за автомобили од компакт и средната класа.
Клубот АДАК за првпат тестираше четири парови гуми од ист производител, во најпродаваната големина 205/55 R 16, наменети за автомобили од средната класа, споредувајќи ги комфорните и економичните верзии во коишто се нудат тие модели на гуми. Експертите на најголемиот европски автоклуб дојдоа до следниот заклучок: Економичните модели постигнуваат само незначителна предност во еколошките и економските критериуми наспроти „комфорните“ гуми, но затоа покажуваат недостатоци на влажна подлога.
Во димензијата 205/55 R16 наменета за модели од компакт и средната класа беа тестирани 19 модели на гуми, односно 16 модели во димензијата 185/60 R14 за автомобилите од „градската“ класа. Во поголемата димензија, сите кандидати на тестот покажаа солидни резултати. Шест модели добија оцена „многу добро“, дванаесет модели се оценети со „добро“, единствено моделот Nankang Econex Eco-2 доби „единица“ заради слабите резултати на влажна подлога.

Кај автомобилските гуми обично се работи за компромис. Врвни резултати во поглед на отпорноста на абење и потрошувачката на гориво не може да се постигнат заедно со врвни резултати за контактот со подлогата и отпорноста на аквапланинг. Michelin Energy Saver+, којшто се одликува со голема отпорност на абење и ниска потрошувачка на гориво, заврши во последната група гуми, поради слабите резултати во категоријата „контакт на влажно“. Истото важи и за останатите три тестирани еколошки гуми, коишто се покажаа послаби во споредба со комфорните верзии на истите.
Во димензијата за градски автомобили, шест модели на гуми се оценети со „многу добро“, осум со „добро“, една гума доби „доволно“ (Kumho KH27 Ecowing ES01) и една гума го заврши тестирањето со оцена „недоволно“ (Matador MP16). Со одличните возни својства се издвојува Continental ContiPremiumContact 5, додека Goodyear Efficient Grip Performance постигнува најкус пат на сопирање. Среднооценетите гуми покажаа слабости на влажна подлога, некои поголеми, некои помали. Генерално, гумите што добија оцена „многу добро“ се разликуваат незначително една од друга.
Гуми со димензија 185/60 R14
Continental ContiPremiumContact 5, заедно со Goodyear Efficient Grip Performance, најмногу се издвојуваат од останатите гуми на тестот со своите предности на влажна подлога. Goodyear постигнува најкус пат на сопирање, додека Continental се одликува со најдобри возни својства на влажно. Гумите од Nokian, Dunlop, Vredestein и Hankook исто така не покажуваат слабости и го заврија тестот со оцена „многу добро“.

Големиот број гуми со средни оцени покажа помали или поголеми слабости на влажна подлога. Тоа важи особено за моделите на гуми од Yokohama, GT Radial и Semperit. Од гумите со добри својства на влажно, „минус“ доби единствено Pirellis Cinturato P1 Verde поради превисоката потрошувачка на гориво. Infinity Ecosis за влакно се избори за добра оцена, но затоа има големи слабости на сува подлога. Покрај тоа, Infinity поседува најмала отпорност на трошење од сите кандидати на тестот. Нивната трајност изнесува одвај половина од трајноста на најдобрата гума во тој поглед – моделот на Kumho.
Иако Kumho се одликува со одлична отпорност на трошење, заслужи само оцена „доволно“. Кај оваа гума се забележува изразен конфликт меѓу целта да се постигне низок отпор на тркалање, односно голема трајност, во комбинација со добри возни својства на влажно, поради што експертите на АДАК ја намалија крајната оцена за еден.
Оцена „недоволно“ добија гумите од марката Matador, поради изразените слабости на влажна подлога. Патот на сопирање на оваа гума од 80 километри на час е за цели 14 метри подолг отколку кај Goodyear. На местото каде што возилото со гуми Goodyear веќе стои во место, истото возило со гуми од Matador би пролетало со преку 40 km/h.

















