за

Тестови на компјутерски управувани возила на границата меѓу Франција и Германија

Возачите по патиштата меѓу германскиот Сарбрикен и францускиот Мец може да бидат престигнати од автомобили што се управувани од компјутерска технологија. Земјите што се најголеми производители на автомобили во Европа ќе тестираат технологија за автономно возење во меѓуграничното подрачје, со цел да обезбедат предност во светската трка во развојот на автомобили што управуваат самостојно, без возач.

Министрите за сообраќај на Германија и Франција вчера потпишаа спогодба, за патиштата во меѓуграничното подрачје на двете земји, во регионот на градовите Сарбрикен и Мец, да се користат за тестирање на технологија за автономно возење. Првите возила ќе почнат со тестирање веќе во следниот месец. Мрежата од патишта на коишто ќе биде дозволено компјутер да ја преземе контролата над возилото опфаќа автопатишта, споредни и локални патишта. Во Германија веќе постои регион за тестирање на автономното возење, по делницата 9 во Баварија, а во план се уште неколку градови.

Според германскиот министер за сообраќај Александер Дорбринт, соработката меѓу двете најголеми автомобилски земји во Европа ќе донесе нови стандарди во автономното возење. Тестирањето на технологијата меѓу другото опфаќа компјутерски управувано престигнување, престројување и сопирање, како и реакцијата на мрежните системи при промена на брзината на возење и квалитетот на подлогата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јозеф Кабан: Дизајнерската ѕвезда на Škoda преоѓа во BMW

Специјалистот за терен: Suzuki со три варијанти на погонот на сите тркала Allgrip