за

Мојот двор е мојот терен

Jeep е синоним за теренско возило. Американската марка е како измислена и за модел на далечинско управување за возење по терен

Покрај моделот Wrangler Rubicon, специјалистот за модели на далечинско управување Carrera отсега го нуди и Grand Cherokee во размер 1:16, во изведба на монстер-трак, со огромни тркала и повишена шасија.

Моделчето на Carrera е обработено до најситен детал
Моделчето на Carrera е обработено до најситен детал

Малечкиот Grand Cherokee има функционални предни и задни светла, повеќестепено сервоуправување кое што го олеснува маневрирањето при ниски брзини и редуктор за пробивање и по најсложениот терен. По асфалт се вози најбрзо со 21 km/h. Но, задоволството е неспоредливо поголемо кога моделчето ќе се пушти по терен. За 70 евра се добива играчка за возрасни која што во голем дел го посредува доживувањето со реално возило во реални услови. За случај Jeep да се оштети, Carrera нуди и резервни делови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И седиштата се опаметија

На лагата и се куси нозете