Гордоста на италијанската автоиндустрија има американско срце. Од летово, блоковите за моторите на најпродаваните модели на Maserati се произведуваат во Chrysler.
Во текот на летово се одвиваше тајна операција во комплексот за производство на мотори на Chrysler во Детроит. Инженери на Ferrari пристигнаа во фабриката да го надгледуваат производството на блокови за трилитарскиот мотор V6 што се вградува во моделите на Maserati. Произведените блокови се испорачуваат во фабриката на Ferrari во Маранело, каде што потоа се комплетира целиот мотор и се вградува во знаменосецот Quattroporte и во продажниот хит на марката, седанот од вишата средна класа Ghibli.
За првпат по комплетното преземање од страна на Fiat и претопувањето во FCA, Chrysler се вклучува во производствениот синџир на луксузните марки на италијанскиот концерн. Моментно во фабриката се произведуваат околу 50 блокови дневно, со план производството наскоро да се зголеми на 80 блокови. Во фабриката во Трентон се произведуваа легендарните мотори на Chysler, вклучувајќи го линискиот шестцилиндарец Slant-Six и 440, најголемиот V8 произведен од компанијата. Шестцилиндарецот за Maserati досега се произведуваше во Weber Automotive, но поради огромната побарувачка за моделите на Maserati мораше да се најдат дополнителни капацитети.
















