Студијата на Peugeot во чест на Инди 500 носи голема најава

Peugеot на времето постигнуваше големи успеси на американскиот Инди 500. Оттогаш има изминато веќе цел век и Французите се присеќаат со студија во таа чест. Но, не станува збор само за носталгија, планот е друг.

Peugeot некогаш беше вистински големец во мотоспортот од спротивната страна на големата бара. Во пионерските времиња на автомобилот, Британецот Дарио Реста победи на Инди 500 со Peugeot L45. Тоа се случи на 30-ти мај 1916 година. Со студијата L500 R Hybrid, француската марка се присеќа на легендарната победа пред сто години.

Место на ретро изглед, L500 R Hybrid се раководи чисто според иднината. Екстремно ниската студија раширена по патот одвај ги надвиснува џиновските тркала. По бескрајно долгата хауба следи кокпит, со место само за возач и со проекциски приказ на информациите за патеката директно во видното поле. Студијата не укажува на идниот дизајнерски правец на Peugeot. Само една малечка фигура на лав во маската го открива идентитетот на марката. Друга е целта.

peugeot l500 r hybrid 00003

Суштината на екстремиот спортист со футуристички концепт не е во изгледот, туку во погонот. L500 R Hybrid располага со хибриден погон, од 1,6-литарски турбо бензинец со 270 КС и по еден електромотор на предната и задната оска. Сето тоа дава системска моќност од 500 КС и вртежен момент од 730 њутнметри. И покрај трите погонски единици и батериите, хибридниот тркач тежи само еден тон. Затоа и перформансите ветуваат. Со погон на сите тркала, спринтот до сто трае само 2,5 секунди, а километар од место се совладува за 19 секунди.

Причината за тоа што Peugeot ја претстави хибридната студија во рамките на Инди 500 е намерата за враќање на американскиот пазар. Овој спој на славното тркачко минато и технолошката подготвеност за иднината е добро за дотерување на имиџот пред скорото враќање на Peugeot на прекуокеанскиот пазар.

[FAG id=24602]

Претходна објаваAudi A5 Coupe може уште три генерации да остане во истата форма
Следна објаваAudi A5: Овие легенди му претходеа на новото купе

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here