Сопствениците ги откриваат слабостите на автопилотот на Tesla

Две видеа што сопственици на Tesla Model S ги објавија на мрежата покажуваат дека системот за самостојно управување на возилото сé уште се соочува со многу потешкотии во реалниот сообраќај.

Од минатата недела, возачите на Tesla во САД можат по цена од 2.500 долари да го прошират софтверот во својот електричен автомобил со автопилот. Уште при најавата на новата функција во автомобилите на Tesla, шефот Илон Маск посочи дека автопилотот уште е во развој и возачот мора постојано да внимава на сообраќајот. Доколку се случи незгода, одговорноста во секој случај паѓа на возачот, не на софтверот. Рацете мора постојано да бидат на воланот, затоа што како што покажуваат двете видеа од сопствениците, во спротивно може да биде мошне опасно.

На првото објавено видео се гледа како автомобилот преоѓа директно на спротивната лента, а на второто видео, возачот покажува какви проблеми можат да произлезат кога означувањата на лентите ќе станат недоволно видливи, на пример, во сенка. На крајот на видеото се гледа дека на исклучувањето од автопатот доаѓа до критична ситуација. Производителот, меѓу другото, наведува дека автопилотот може да се користи само на автопат.

 

Претходна објаваYou Won’t Believe What Happened During This Guy Photo Session
Следна објаваНад 3.000 купувачи на Porsche преземаат директно од фабрика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here