за

Сите новитети на Kia во Париз (2): Rio

Kia го преработе својот глобален бестселер во новото моделско годиште. Со освежен дизајн, подобрено поврзување и облагороден ентериер, новиот Rio ќе стартува со продажба во почетокот од 2015 година.

Светска премиера за бестселерот на Kia на салонот во Париз. Со 471.000 примероци на глобално ниво, Rio беше еден од најпродаваните модели на Kia во минатата година, а со 57.000 примероци е меѓу трите најпродавани модели и на европскиот пазар. Несомнено е дека дизајнерите и инженерите на Kia постигнаа погодок во целта со Rio. Моделот сега мораше да се подготви за втората половина од своето пазарно присуство, со нов дизајн на маската со типичниот „тигарски нос“, на браниците и на магленките. Нов дизајн добија и алу-бандажите, достапни во дијапазон од 15 до 17 инчи, како и задниот браник. Во палетата на бои за каросеријата се додадени „урбана сина“ и „дигитална жолта“.

Во кокпитот се забележуваат хромирани елементи околу отворите за воздух и во други подрачја, а во насока на облагородување на ентериерот оди и новата средишна конзола, како и новите облоги на седиштата. Радијата добија дигитален прием и нова генерација на аудиовизуелниот систем за навигација на Kia, со екран од 7 инчи, камера за рикверц, повисока брзина на процесор и побрза пресметка на рутата на возење.

Понудата од погонски единици се состои од четири штедливи мотори во дијапазон на моќност меѓу 75 и 109 КС, коишто се достапни и во верзијата EcoDynamics, со старт-стоп систем, гуми со намален отпор, програмирана работа на алтернаторот и засилен стартер. Моделите наменети за европскиот пазар се произведуваат во фабриката на Kia во Сохари, јужна Кореја. Продажбата стартува во почетокот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сите новитети на Kia во Париз (1): Sorento

Сите новитети на Kia во Париз (3): Venga