Во петмилионскиот град-држава Сингапур од денес се на служба автономни такси возила. Во промотивниот период, жителите можат бесплатно да ги користат услугите на робитизираното такси. Додека стекнат доверба во електрониката во замена за возачот.
Верзии на електричните Mitsubishi i-MiEV и Renault Zoe приспособени за такси превоз и снабдени со технологија за автономно возење, од денес се во служба на жителите на Сингапур. Услугата на безвозачкото такси засега е ограничена само на подрачјето на деловниот кварт Уан-Норт и достапна е само за избран круг клиенти.
https://www.youtube.com/watch?v=H47oNtawodk
Локална такси-компанија започна со тестирање на возилата во секојдневниот сообраќај уште во април. Клиентите ги повикуваат возилата преку мобилна апликација. При возењето секогаш е присутно лице од компанијата зад воланот, заради надгледување на автоматизираното возење, односно на командите од компјутерот.
https://www.youtube.com/watch?v=Fp13jIr8Y7E
Компанијата NuTonomy е основана од двајца научници од прочуениот Институт МИТ од Масачусетс, како старт-ап проект за развој на софтвер за автономно возење, со специјалност за роботизирани такси возила. Кон крајот на месецот и алтернативното такси Uber во Питсбург ќе пушти во сообраќај автономни возила, односно модифицирани примероци од Volvo XC90. Американската компанија и Volvo пред само една недела ја објавија соработката на ова поле.
















