за

Санта Каталина е островот на автомобилските џуџиња

Америка е земја на големите теренци и пикапи. Но, сликата е поинаква на калифорнискиот остров Санта Каталина. Таму се дозволени само 700 обични автомобили – останатите се џуџиња.

Со заработката што ја постигнуваат, повеќето жители на островот Санта Каталина би можеле да си дозволат Mercedes од класата S, некој голем Cadillac или барем Lexus. Но, тие сепак се возат во Smart, Mini или Daihatsu. Друг избор нема, на островот не може да купи голем автомобил секој што ќе посака.

Проблемот со кого што се соочува островот пред брегот на Лос Анџелес е сосема невообичаен за Америка. Бројот на автомобили на островот долг 35 и широк 13 километри е строго ограничен. Санта Каталина е единствената општина во Калифорнија која што ги ограничува бројот и големината на возилата по улиците. На тој начин се заштитува питорескната средина, а воедно и ограничениот простор на островот.

Островот порано беше во сопственост на кралот на гумите за џвакање Вригли

Со стровот што порано му припаѓаше на магнатот на гумите за џвакање Вригли, денес раководи еден конзерваториум. Туризмот е главна економска гранка во Санта Каталина. Заради зачувување на прекрасната природа изградени се само неколку километри патишта. Дури и главната улица покрај крајбрежјето во главниот и единствен град на островот Авалон е пешачка зона.

За дозвола за автомобил мора да се чека да умре некој од мештаните

Со исклучок на комуналните возила за собирање отпад, цистерните на противпожарната служба и такси возилата, бројот на приватни возила на островот е ограничен на 700. За некој да добие дозвола за поседување автомобил прво мора да умре или да се отсели некој од мештаните – доколку дозволата не отиде во наследство. На островот се живее добро и долго, така што новите дозволи се издаваат ретко. Моментно се чека околу 14 години за нов автомобил да се регистрира на островот.

Само возилата што се покуси од 3,05 метри се регистрираат веднаш

Под автомобил на островот се подразбираат само возилата подолги од 3,05 метри. Тие воедно не смеат да се подолги од 5,1 метри. Дури и такси возилата се малечки, најчесто камионети на Daihatsu. Но, законот замижува пред малечките автомобили како Smart. Сите возила што се покуси од 3,05 метри може да се регистрираат веднаш и без потешкотии. Тоа е вистинската причина зошто Smart е хит на островот. Место да чекаат цела вечност додека добијат дозвола за регистрирање возило, мештаните се решаваат за малечкиот Smart. За 1.500 километри, колку што просечно се вози за една година на овој остров, нема потреба од поголем автомобил. Секако дека Smart е најпродаван модел во Санта Каталина.

Островот има и други начини да се заштити од големите автомобили. До него не води траект и мора да се платат 600 долари за автомобилот да се пренесе до калифорнискиот остров.

Во Санта Каталина има само две станици за точење гориво

Додека на американското копно се среќава станица за точење гориво на секој агол, во Санта Каталина има само две станици, каде што галон гориво се продава за околу два долара повеќе. Истото важи и за сервисните работилници. Место специјализиран сервис за секоја марка, еден единствен механичар работи на сите автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Leon повторно вози на сите четири

Не се само изборите: ADAC мамел и на тестовите