Русија одвојува 150 милиони евра за замена на старите автомобили

Владата на Русија ќе издвои 150 милиони евра во 2015 година за продолжување на субвенцијата за замена на старите возила со нови.

Санкциите од Западот заради кризата во Украина и падот на цената на нафтата силно ја погодија руската екомонија. Поевтинувањето на нафтата дополнително ја ослабна националната валута, поттикнувајќи ја инфлацијата и наведувајќи ги Русите да ги одложат поскапите набавки. Рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров денес потврди дека 10 милијарди рубљи (околу 150 милиони евра) ќе бидат наменети за продолжување на субвенцијата за замена на старите автомобили со нови, што воедно дава силна поддршка и на ослабнатата домашна автомобилска индустрија. Во оваа година, руската влада одвои дополнителни 2,9 милијарди рубљи за покривање на интересот на Русите замена на старите автомобили.

Според постоечката програма за субвенции, купувачите на нови автомобили добиваат дисконт од најмалку 40.000 рубљи за замена на нивните стари возила, додека дисконтот за комерцијални возила изнесува дури 350.000 рубљи. Продажбата на автомобили во октомври забележа пад од 10 проценти, што е двапати помалку од падот во септември. Во првите десет месеци од годинава, во Русија се продадоа за 13 проценти помалку автомобили отколку во истиот период лани. Пазарните аналитичари очекуваат продажбата до крајот на годинава да достигне 2,45 милиони возила, односно за 12 проценти помалку отколку во 2013 година.

Претходна објаваВака изгледа возење со Кевин Магнусен во McLaren 650S
Следна објаваБрод-робот со електричен погон вози самостојно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here