Роботи самостојно ќе ги крпат дупките во асфалтот

Звучи како научна фантастика, но може да стане реалност уште денес. Самоуправувачки роботи ќе патролираат по улиците и ќе бараат ударни дупки во патот, за да ги пополнат користејќи 3D-печатарска техника.

Прототипот на фотографиите не изгледа особено уверливо, но замислата на неговите конструктори е генијална. Фирмата Addibot дојде на идеја да постави 3D-печатар на тркала и истиот да го пушти да се движи по улиците во потрага по ударни дупки. Подвижната мини фабрика се движи користејќи автономна технологија, односно системи коишто ги препознаваат околните објекти и белези, како далноводи, сообраќајни ленти или знаци, и при движењето се раководи според нив. Кога ќе открие ударна дупка во патот, роботот го вклучува 3D-печатарот и ја пополнува дупката со асфалт или соодветен материјал. На техниката ќе ѝ биде потребно уште малку време за созревање, но дека таа функционира докажува прототипот што моментно се користи за поправка на дупки во површини под мраз.

Addibot popravka patista

Претходна објаваJaguar Land Rover стана најголем производител на автомобили во Британија
Следна објаваОткаченото видео на Volkswagen и приколката во рикверц: Во што е финтата?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here