На седмото издание на релито „Simply Ford“ во британскиот Бјули се најдоа рекорден број од 1.350 возила од марката со синото лого, вклучувајќи необични преработки како Fiesta со мотор од Kawasaki одзади или комби Escort со турбо мотор.
Рекорден број од 1.350 возила на Ford се најдоа на седмото издание на релито Simply Ford во британскиот Бјули. Автомобили од секоја ера, секакви модели, форми и димензии го претворија овој собир во празник за сите ентузијасти на марката. Голем дел од фановите на Ford пристигнаа со спекакуларни преработки, како на пример моделот Popular 103E со мотор V8 од Maserati, комбито Escort од 1980 година со турбонатполнење или Fiesta со мотор од Kawasaki на местото на задната клупа. Секако дека не отсуствуваа и секогаш интересните хот-род модификации на база на Model A.
Меѓу уникатните возила можеше да се види и специјалната камперска верзија Escort Nimbus од првата генерација на моделот, како и исклучително редок Ford Anglia Friary од 1962 година, од кого што на територијата на Велика Британија се останати само уште три примероци. „Класичарите“ го одбележаа своето присуство во форма на сите можни генерации и изведби на Mustang и Zodiac или Capri и Cortina. Некои од возилата уште се наоѓаа во фаза на реставрација, како Granada Dorchester, но и тие не заостануваа во привлекувањето на вниманието на посетителите.
Another incredible display from #TeamEo brightening our morning here at #simplyford pic.twitter.com/2lPLbSTMxD
— Beaulieu (@Beaulieu_Hants) May 1, 2016
Дури 29 клубови беа присутни на „Simply Ford“, вклучувајќи и специјализирани клубови, како „Electric Orange ST Owners“, претставени на собирот со 31 примерок од спортската верзија на Focus ST со каросерија во портокалова боја. Дванаесет сопственици на Ford Probe пристигнаа со своите ретки купеа.
Учесниците на релито и посетителите во Бјули на крајот на денот гласаа за својот фаворит. Победи Ford Escort Mk1 RS2000 од 1973 година, со мотор од Cosworth и секакви можни додатоци за подобрување на перформансите на легендарниот модел.
Simply Ford е дел од серијата релија посветени на јапонските, класичните и спортските автомобили, како и на марката Jaguar, коишто во текот на годината се одржуваат во Бјули.
[FAG id=24218]
















