Работниците на Volkswagen со паметни часовници во фабричката логистика

Volkswagen ја тестира примената на паметни часовници, таблети и RFID ремени за логистичкиот синџит во фабриката во Волфсбург. За тоа е развиена и посебна апликација.

Во матичната фабрика на Volkswagen во Волфсбург започна четиринеделен пилот проект со кој треба да се докажат предностите од примената на паметни часовници, таблети и RFID ремени во производствената логистика, односно во доставата и распределувањето на компонентите за возилата. Посебно е развиена и апликација за таа цел.

volkswagen smartwatch (3)Паметниот часовник ќе се користи во оптимизацијата на процесите во логистиката. Конкретно станува збор за Ennox Enjoy Life, кој располага и камера за скенирање на бар-кодовите. Преку безжична мрежа, на дисплејот на часовникот се прикажуваат сите неопходни информации, на пример местото од кое што треба да се земе делот или кодот за него. Благодарение на ракувањето преку допир, на работниците им се слободни обете раце, за разлика од досега користените терминали HDT (Hand-Data-Terminal) за скенирање на бар-кодовите.

Пилот проектот се одвива во таканаречен „динамичен магацин“, кадешто материјалот и големите контејнери немаат фиксно одредено место, туку се складираат според принципот first-in-first-out (FIFО). Кај овој принцип, материјалите што први се влезени во магацинот, први и се изнесуваат од него. Притоа, паметниот часовник може побрзо да ги обработува податоците отколку обичен скенер за бар-кодови и со тоа повеќе одговара за динамичното складирање на материјалите.

volkswagen smartwatch (1)Вториот проект се спроведува со RFID ремени. Кратенката се однесува на „Radio Frequency Identification Device”, односно овозможува безконтактна размена на информации преку радио бранови. Материјалите се пронаоѓаат и се регистрираат преку етикетата со радио предавател. Volkswagen го користи овој принцип на предавател и приемник во логистиката на материјали уште од 2009 година и сега го пренесува истиот и во распределбата на материјалите. Со носењето на овој зглобен ремен, работниците повеќе не мораат активно да ги скенираат бар-кодовите. При посегнување во контејнерот, на работникот преку звук му се соопштува дека е земен вистинскиот дел и истото се регистрира преку радио врска.

volkswagen smartwatchТаблетите веќе се користат редовно во логистиката. Триесет товарни колички и 60 вилушкари се опремени со нив. Преку таблетот се користи систем за навигација, заради подобра ориентација во халите. Преку интуитивното ракување, на работниците повеќе не им е потребна обемна обука за користење на уредите. Притоа, таблетот се напојува директно од батериите за електричниот погон на вилушкарите и со тоа се избегнува потребата од често полнење. Пилот проекти за примена на таблетите претходно се одвиваа во рабриките во Брауншвајг, Касел и Емден.

Претходна објаваNissan Leaf е лесна мета за хакерски напади
Следна објаваХибридната изведба ѝ ја враќа славата на Toyota RAV4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here