за

Продажбата во Азија му донесе рекорден септември на Mercedes

Со 142.994 продадени возила глобално во септември, германската марка забележа раст од 16 проценти во споредба со ланскиот месец. За тоа најмногу придонесе продажниот бум во Азија.

Daimler постигна рекордна продажба во септември. Во минатиот месец се продадоа 142.994 нови возила од марката Mercedes на глобално ниво, што е историски рекорд за септември. Во споредба со ланскиот септември продадени се речиси 16 проценти повеќе возила. За целиот трет квартал, Mercedes има плус од 18 проценти, со 368.201 возила.

За рекордниот резултат особено придонесе бумот во Азија, каде што Mercedes забележа раст во продажбата од 26 проценти, со 39.000 возила. Најбарани се моделите од освежената класа Е и компактните модели.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Monza Concept: Овој Opel погодува силно како молња

Краток тест • Mazda6 2.2 CD 150 Challenge