за

Престои година на рекордна продажба на возила

Продажбата на нови автомобили во Европа е во криза, но не и во светот. Експертите очекуваат 2013 да биде рекордна година. Две земји се заслужни за тоа, а тие се големи.

Бројот на продадени автомобили во светот во оваа година за прв пат ќе ја пречекори вредноста од 70 милиони примероци. Според пазарните аналитичари, до крајот на 2013 година во светот ќе се продадат 70,2 милиони патнички возила, што претставува зголемување од два проценти во споредба со минатата година.

Главниот поттик за растот на продажбата и натаму доаѓа од Кина, каде што според предвидувањата пазарот ќе порасне на 14,3 милиони возила. Овој пазар е во постојан раст и од 2000 година до сега е зголемен за повеќе од 20 пати. Трендот ќе продолжи и во следните години, затоа што степенот на моторизација во Кина останува на ниска стапка. На 1.000 жители во Кина има само 44 автомобили, додека во богатата Германија има дури 530 возила на истиот бројо жители.

САД исто така дава голем придонес во глобалниот раст на производството и продажбата на возила. Тамошниот пазар ќе забележи раст од околу пет проценти и ќе достигне вкупно 15,2 милиони возила. Наспроти тоа, Западна Европа останува во криза. Со предвидени 11,1 милиони примероци, продажбата во регионот ќе забележи пад од околу пет проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шведскиот Saab стана кинеска Senova

Првиот автомобил развиен специјално за Африка е … камион