Први фотографии од новата серија 7 на BMW

Еден од најважните автомобилски новитети што нé очекуваат во 2015 година е знаменосецот на BMW. На мрежата веќе се појавија првите „случајни“ фотографии од новата седумка.

На страницата на фејсбук на швајцарскиот клуб на љубители на BMW се појавија фотографиите што го прикажуваат конечниот изглед на новата серија 7. Не е познато кој ги направил фотографиите, ниту пак каде истите се направени, но во секој случај се забележува белата церада под возилото, којашто „требало“ да го сокрие автомобилот од погледот на јавноста.

На крајот на ноември беа објавени фотографии од тестирањето на маскираните прототипи од идниот знаменосец на Баварците. Од новите фотографии е јасно дека тестирањето е веќе завршено и се чека само значајната премиера на моделот на салонот во Франкфурт, којшто се одржува во септември.

Претходна објаваШто е поцврсто: Челик или алуминиум?
Следна објаваКина во Детроит: GAC најавува компактен кросовер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here