Премиера покрај Сена доживеа хибридната изведба на големиот теренец на Porsche. За прв пат, хибридниот Cayenne поседува можност за надворешно полнење на батериите.
Никој друг туку токму Porsche го нуди првиот хибриден теренец во премиум сегментот чиишто батерии може да се наполнат со приклучување во обичната струјна мрежа. Cayenne S E-Hybrid дополнително впрегнува електромотор со 95 КС, двојно посилен отколку во претходната генерација на моделот, којшто со енергијата во батериите може да вози до 36 километри на струја, при идеални услови. Комбинираната моќност на трилитарскиот V6 со компресорско натполнење и на електромоторот изнесува 416 КС, а вртежниот момент 590 њутнметри. Со оваа моќност, E-Hybrid забрзува до сто за 5,9 секунди, а крајната брзина изнесува 243 km/h. Во електричниот модус, крајната брзина е ограничена на 125 km/h, за енергијата во батериите да се сочува подолго. Потрошувачката на гориво според нормите за хибридни возила изнесува 3,4 литри во првите сто километри, односно откако ќе се истроши енергијата во батериите. Повеќе детали: Фејслифтот и нова хибридна изведба на Porsche Cayenne.
















