Продажните статистики за автомобилите се исто како што парламентарните избори се за демократијата. Кои автомобили се победници во продажбата во првите шест месеци од годинава, ви пренесуваме детално преку 24 класи и преку 230 модели.
Динамично е во продажбата на автомобили на европскиот пазар според официјалните статистики за првите шест месеци од годинава. Најголемото соочување се случува меѓу кросоверите и спортските теренци од сите класи и сегменти, и вановите, од секоја големина и со секаква намена. Очигледно е дека европскиот вкус постепено и трајно ги напушта минивановите и се префрлува на кросовери и лесни теренци, кои не само што ги има во сé поголем број во понудата на модели на производителите на автомобили, туку истите тие производители дури и тешко успеваат да го покријат интересот на пазарот, кој уште долги години нема да покаже ниту траги од заситеност.
Еден од првите модели што ја откри празнината на пазарот, Renault Captur, и натаму се продава со растечки интерес, иако во меѓувреме се појавија нови модели и посериозна конкуренција. Според продажбата во првите шест месеци од 2015 година, Captur се продал во 107.959 примероци или во 22,7 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Новата Suzuki Vitara е веќе на десетото место, со 15.384 примероци и растечки тренд. Целиот сегмент на малечки кросовери и лесни теренци бележи зголемување од 35,8 проценти.
Вановите заминуваат, кросовери и теренци пристигаат на нивното место
Сите сегменти на теренските возила што никој не ги вози по терен имаат зголемување во продажбата, почнувајќи од компактните кросовери (+13,1%) до премиум кросовери и теренци од високата класа (+10,1%). Наспроти тоа, малечките ванови, компактните ванови, големите ванови, сите имаат пад во продажбата од преку 10 проценти во првото полугодие. Од вкупно 24 класи и сегменти од коишто се состои автомобилскиот пазар, само уште купеата и кабриолетите од големоволуменските марки, имаат намалување во продажбата. Седумте проценти во минус кај премиум моделите во конкуренција на класата S на Mercedes се релативни, со оглед на пристигањето на новата генерација на серијата 7 на BMW, по што и овој сегмент ќе се „поправи“. Најмногу радува тоа што продажбата на електрични автомобили забележала раст од 56,6 проценти, што е рекорд во браншата од почетокот на годинава.
Статистиката секогаш открива нови моменти и детали, настрана од познатото. Денес и првачињата знаат дека Golf е најпродаван модел на целиот пазар, а лесно е да се погоди и дека Mercedes од класата S е најпродаван меѓу репрезентативните лимузини. Но, кој е најпродаван голем теренец, или најпродаван кабриолет на европскиот пазар? Дали можеби постојат модели што се продале во уште помал број од „егзотичарите“ од рангот на Ferrari & Co? Кои класи на возила се најпродавани? Можно ли е купувачите попрво да се решаваат за помали модели од премиум марките, отколку за поголеми модели од големоволуменските марки? Многу прашања, многу одговори.
Во галеријата со преку 230 модели се наоѓа комплетната продажна статистика за сите 24 класи и сегменти на возила на европскиот пазар во првите шест месеци од 2015 година, подредени според продажбата во класата – од најпродаваните класи, кон помалку продаваните класи.
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Новиот модел на Форд ќе биде препакуван кинески Џили
- Електро-шоу во салон: Рено прво прави автомобилот да биде добар, па потоа електричен
- Дилери на Шаопенг и БИД во Германија со месеци чекаат пари од производителот
- Инвеститорите ги загубија сите надежи во Илон Маск
- Што е сменето во новата моделска година на Мерцедес-Бенц Ц-Класа
- Кинескиот автомобилски пазар пред најголемиот пад во историјата, трпат и традиционалните производители
















