Околу купувањето на овие користени автомобили треба добро да се размисли. Техничките експерти на TUV утврдиле дека тие се расипуваат многу повеќе отколку другите автомобили.
Сте се запрашале некогаш дали автомобилот што го „меркате“ на плацот на користени е евтин поради тоа што другите знаат за него нешто што вие не го знаете? Експертите на германската асоцијација TUV веќе со децении водат педантна евиденција за дефектите на секое возило што ќе се појави на редовен технички преглед. Од овие податоци произлегуваат многу вредни информации, на пример за тоа кои модели имаат помалку дефекти од другите и поради тоа нивното купување како користено возило претставува помал ризик. Секако дека важи и спротивниот случај.
Во овој преглед ви ги претставуваме 50-те најлоши модели. Како и секогаш, постојат изненадувања. Тоа важи, на пример, за првата генерација на класата M на Mercedes. Сопствениците на големиот спортски теренец со знакот на сребрената ѕвезда имаат натпросечно многу проблеми со шасијата и управувањето, со светлата и со емисијата на штетни материи. Згора на тоа, заптивките на вратите се кинат, сончевите покриви се блокираат во отворена положба, седиштата се клатат, алармите полудуваат. Многу се посериозни дефектите во автоматскиот менувач, како и во моделските изведби 400 CDI со 250 КС, кадешто моторот трпи толку високи термички оптоварувања што често прегорува заптивката на главата на моторот.
Во продолжение ви ги прикажуваме моделите во пет различни категории на старост, коишто е подобро да се избегнуваат на пазарот за користени возила, без разлика што нивната цена најчесто е многу пониска отколку на сличните модели од конкурентските марки.
Возила стари меѓу две и три години
Dacia Logan
15,7 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 50.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем.
Alfa Romeo Mito
15,6 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 40.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, осветлувањето, сопирачките и протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Panda
14,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 34.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во водењето на оските, амортизацијата, сопирачките, издувниот систем и во протекувањето масло од погонската спрега.
Citroen Berlingo
14,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 49.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, осветлувањето, протекувањето масло од погонската спрега.
Ford Ka
14,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 33.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во водењето на оските, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Punto
14,0 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 38.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во сопирачките и во протекувањето масло од погонската спрега.
Chevrolet Spark
13,7 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 33.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во осветлувањето.
Fiat 500
13,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 31.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во водењето на оските, протекувањето масло од погонската спрега.
Ford Galaxy
13,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 73.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето и осветлувањето.
Ford Mondeo
13,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 73.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето.
Chevrolet Captiva
13,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 48.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата и во протекувањето масло од погонската спрега.
Volkswagen Fox
12,0 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 37.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата и осветлувањето.
Возила стари меѓу четири и пет години
Fiat Doblo
25,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 82.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем и во протекувањето масло од погонската спрега.
Dacia Logan
25,5 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 76.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, управувањето, осветлувањето, издувниот систем.
Renault Kangoo
25,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 73.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките.
Chevrolet Matiz
25,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 46.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Hyundai Tucson
22,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 71.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките.
Chevrolet Captiva
21,9 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 76.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, управувањето, осветлувањето, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Panda
21,7 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 50.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Citroen C4
21,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 69.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето и сопирачките.
Kia Sorento
20,9 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 89.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, протекувањето масло од погонската спрега.
Peugeot 207
20,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 59.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Bravo
20,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 71.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Возила стари меѓу шест и седум години
Renault Laguna · 33,0 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 125.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата.
Dacia Logan · 32,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 97.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем.
Renault Kangoo · 31,9 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 104.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките.
Fiat Doblo · 30,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 109.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Citroen C4 · 30,0 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 97.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Citroen C5 · 29,6 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 120.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, осветлувањето, протекувањето масло од погонската спрега.
Renault Megane · 29,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 103.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките.
Peugeot 307 · 28,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 101.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, сопирачките.
Chevrolet Matiz · 28,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 65.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Seat Ibiza · 28,5 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 90.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, осветлувањето, сопирачките.
Citroen Berlingo · 28,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 104.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Возила стари меѓу осум и девет години
Mercedes ML
43,2 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 152.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Stilo
41,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 119.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Doblo
37,9 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 132.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, осветлувањето, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Kia Sorento
37,2 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 136.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, осветлувањето.
Renault Kangoo
37,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 115.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Renault Laguna
36,0 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 127.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, управувањето.
Volkswagen Sharan
35,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 157.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во сопирачките, издувниот систем.
Ford Galaxy
34,7 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 153.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во осветлувањето, сопирачките, издувниот систем.
Renault Megane
34,6 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 118.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во управувањето, сопирачките.
Alfa Romeo 147
34,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 109.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Возила стари меѓу десет и единаесет години
Mercedes ML
44,8 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 170.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, управувањето, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Stilo
44,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 127.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Volkswagen Sharan
43,6 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 179.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во осветлувањето, сопирачките, издувниот систем.
Ford Galaxy
42,5 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 183.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во осветлувањето, сопирачките, издувниот систем.
Ford Ka
42,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 75.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Alfa Romeo 147
42,1 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 129.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, осветлувањето, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.
Mini One
40,7 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 111.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Renault Laguna
40,5 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 146.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, управувањето.
Renault Kangoo
40,4 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 141.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во амортизацијата, управувањето, осветлувањето, сопирачките, протекувањето масло од погонската спрега.
Fiat Doblo
40,3 проценти од возилата имаат сериозни дефекти, при просечна километража од 157.000 km. Најмногу дефекти се појавуваат во суспензијата, амортизацијата, осветлувањето, сопирачките, издувниот систем, протекувањето масло од погонската спрега.