За овој празничен топ 10 ви подготвивме список на десетте марки што забележуваат најголем пораст во продажбата во Европа. Најдобрата марка постигна пораст од дури 114 проценти.
Организацијата на европски производители на автомобили во четвртокот ја објави среќната вест дека продажбата на возила на европскиот пазар во март била за 10,6 проценти повисока отколку во истиот месец лани. За целиот прв квартал, порастот е малку поскромен, но сé уште повеќе од задоволителен и изнесува 8,4 проценти.
Се разбира дека секоја марка не учествува подеднакво во порастот на продажбата. На следниов список ви ги претставуваме десетте марки со најголем релативен пораст во првиот квартал од годината.
1 Ferrari/Maserati +114%
Организацијата на производители на автомобили ги води марките Ferrari и Maserati заедно, но совршено е јасно дека огромното зголемување на продажбата доаѓа првенствено од Maserati. Марката со тризабецот продава многу повеќе возила откако во понудата влезе лимузината од средната класа Ghibli, покрај значително поскапите GranTurismo и Quattroporte.
2 Dacia +42,7%
Романците комплетно ја обновија својата моделска понуда и тоа се огледува во продажната статистика. Продажбата на Dacia се зголеми од 63.467 на 90.560 возила во првиот квартал од 2014 година.
3 Lexus +32,5%
Престижната марка на Toyota постигна вистински погодок со новиот IS. Откако конкурентот на серијата 3 на BMW е во продажба, бројките се во постојан раст.
4 Mazda +30,5%
Новата Mazda3 се продава одлично на европскиот пазар. Таа е главниот носител на порастот од преку 30 проценти. Јапонците ќе продадеа и повеќе возила доколку фабриката успееше да произведе повеќе.
5 Suzuki +22,2%
Јапонскиот специјалист ја зголеми продажбата од 36.283 на 44.336 возила, благодарејќи првенствено на одличниот SX4 S-Cross.
6 Jeep +18,8%
Jeep е една од најуспешните марки во групацијата Fiat Chrysler. Најголемите бројки во продажбата ги постигнува новиот Grand Cherokee.
7 Skoda +18,6%
Додека Superb и Fabia чекаат да се појават нивните наследници, новата Octavia носи одлична продажба за чешката марка. Во првиот квартал Skoda продаде 137.863 возила, наспроти 116.256 лани.
8 Ford +12,8%
Фејслифтот на Fiesta е главната движечка сила за натпросечниот раст на продажбата на Ford на европскиот пазар во првите три месеци од годината.
9 Renault +11,9%
Бизнисот на Renault му оди одлично благодарение на моделите Captur и Clio. По неколку месеци стартува продажбата на новиот Twingo, кој ќе придонесе за дополнителен раст.
10 Mitsubishi +11,0%
Јапонската марка продолжува да напредува на пазарот во Европа со продажбата на хибридниот модел Outlander PHEV. Во почетокот на минатата година овој модел уште не се нудеше на пазарот.