за ,

Овие автомобили задржуваат најмногу од вредноста по 4 години

Колку ќе ми вреди автомобилот ако го продавам по четири години? Тоа е прашањето што секој домаќин возач го поставува при изборот. Еден институт точно знае колку секој модел ќе вреди при препродажба.

Институтот Бер & Фес веќе со години се специјализира за предвидување на степенот на амортизација на новите модели на автомобили по одреден период. Податоците за задржувањето на вредноста на автомобилот се мошне вреден инструмент при изборот на идниот модел, затоа што не му се сеедно на секој сопственик на автомобил колку ќе изгуби од парите што ги вложил за купување на возилото.

 

Ова се моделите што задржуваат најмногу од вредноста по четири години, според последните процени на Бер & Фес:

 

Мини автомобили

Skoda Citigo 1.0 60 КС (задржува 54% проценти од вредноста на ново)

 

Градски автомобили

Mini One (59 %)

 

Компакт класа

Mercedes-Benz CLA 180 CDI (56,5 %)

 

Средна класа

Mercedes-Benz C 180 (53,5 %)

 

Виша средна класа

Audi A5 Sportback 2.0 TDI 136 КС (51,5 %)

 

Висока класа

Mercedes-Benz S 400 Hybrid (50 %)

 

Ванови

Volkswagen Sharan 2.0 TDI 115 КС BMT (46,5 %)

 

Купеа

BMW 220i Coupé (59 %)

 

Компактни теренци

Toyota RAV4 2.0 D-4D 4×2 и Mercedes-Benz GLA 200 CDI (57 %)

 

Теренци

BMW X5 sDrive 25d (53,5 %)

 

Кабриолети

Porsche Boxster (58,5 %)

 

Миниванови

Fiat 500L 1.4 16V (54 %)

 

Компактни ванови

Mercedes-Benz B 160 CDI (55,5 %)

 

Спортски купеа

Porsche Boxster S (58,5 %)

 

Мини теренци

Mini Paceman Cooper S (57,5 %)

 

Електрични автомобили

BMW i3 Range Extender (50 %)

 

Институтот разликува релативна амортизација (во проценти) и апсолутна амортизација. Според вториот критериум, ова се возилата што губат најмалку од вредноста во евра по четири години. Треба да зачудува тоа што Dacia има повеќе победнички модели во овој список?

 

Мини автомобили

Skoda Citigo 1.0 60 КС (4089 евра)

 

Градски автомобили

Dacia Sandero 1.2 16V 75 (3204)

 

Компакт класа

Dacia Logan MCV 1.2 16V 75 (3755 Euro)

 

Средна класа

Hyundai i40 cw 1.6 GDI (9788)

 

Виша средна класа

Audi A5 Sportback 2.0 TDI 136 КС (16 320)

 

Висока класа

Mercedes-Benz S 350 Bluetec (41 674)

 

Ванови

Fiat Freemont 2.0 Multijet 16V (14 819)

 

Купеа

Mini Cooper Coupé (9434)

 

Компактни теренци

Lada Niva4x4 (6300)

 

Теренци

Hyundai Santa Fe 2.4 2WD (15 895)

 

Кабриолети

Mini One Cabrio (9412)

 

Миниванови

Dacia Dokker 1.6 MPI 85 (4983)

 

Компактни ванови

Ford C-Max 1.6 Ti-VCT 86 КС (9907)

 

Спортски купеа

Nissan 370 Z Coupé (18 918)

 

Мини теренци

Dacia Duster 1.6 16V 105 4×2 (4983)

 

Електрични автомобили

Smart Fortwo Electric Drive (12 006)

 

Колку се релевантни прогнозите на Бер & Фес за нас?

Бер & Фес е специјализиран за предвидување на вредноста на автомобили стари до пет години. Просечната амортизација на сите класи на возила при просечна годишна километража од 15.000 километри изнесува 24,2 проценти. Во следните години се губи меѓу 5 и 6 проценти од вредноста. Амортизацијата зависи најмногу од видот на возилото (кабриолет, теренец, лимузина…), од имиџот на марката, и секако, од состојбата на возилото во споредба со неговата старост, како и од прифатеноста на моделот на пазарот.

Во методата за предвидување на амортизацијата влегуваат и личните искуства и пазарните процени на експертите на Бер & Фес. Сериозна прогноза мора да ги земе во предвид сите фактори што во моментот влијаат врз преостанатата вредност на возилото: Имиџот на марката и на моделот, односно на неговиот претходник во минатото, како и планираната замена со нова генерација на моделот – тоа се најклучните фактори.

Но, прогнозата на Бер & Фес ги зема во предвид и макроекономските параметри: Бруто социјалниот производ, стапката на невработеност, каматните стапки … и секако, стапката на инфлација. Енормно влијание имаат и специфични пазарни ситуации, како на пример воведување на субвенции за замена на старите автомобили. Тоа се вредности што се специфични за пазарите и не можат да се применат глобално. Тука е проблемот со којшто се соочува нашиот пазар на користени возила.

Како човек ќе одреди по која цена да го понуди своето возило на пазарот на користени возила во Македонија? Според каталогот на Schwacke, којшто дури и официјално се користи како ориентир при царинењето на користените возила? Колку што е релевантна прогнозата на Бер & Фес, уште помалку се релевантни податоците за цените на користените возила на германскиот пазар. Како влијае актуелната немаштија врз цените на користените возила кај нас? Колку е падната вредноста, дали можеби сте го преплатиле автомобилот, дали вредноста на вашиот автомобил ќе падне драстично по „икс“ години, поради некои нови услови на пазарот?

Тоа што и натаму недостига хронично во Македонија е институција што ќе се грижи за минатото, сегашноста и иднината на автомобилите во државата, почнувајќи од следење и примена на еколошките норми, детална статистичка анализа на сите подрачја, следење на развојот на безбедноста во сообраќајот, па конечно, до прогнозирање на вредноста на користените автомобили. Исклучително е широк дијапазонот на влијанија на автомобилите во секојдневното живеење и затоа проблематиката мора да се сфати сериозно. Функционирањето на овој квази институт на трибини на кафеански астали не може да помогне воопшто.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Swift со нов економичен мотор

Volkswagen го испорача XL1 на првиот купувач