Ова не се гледа секој ден: Булдожерска битка низ улиците во Кина

Може да се помисли дека станува збор за сцени од снимањето на некој акционен филм, но тоа што се случува на ова видео е вистинска битка меѓу булдожери на две завојувани градежни компании.

Булдожери во улога на борбени возила. Светот досега нема доживеано таква сцена, но очигледно дека за сé мора да има првпат. Најмногу зачудува тоа што булдожерите се покажуваат како сосема пристојни машини за водење битка и како што ситуацијата продолжува да ескалира, може да се заклучи дека тие одлично се снаоѓаат во улогата. Од друга страна, можеби ќе беше подобро шефовите на завојуваните две градежни компании да преговараа пред да си нанесат дополнителни штети.

Претходна објаваMercedes E-Class: Разоткривање на новата ѕвезда (Системи за асистенција)
Следна објаваВрвни менаџери на BMW заминуваат во кинескиот Future Mobility

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here