Оваа девојка е рекордерка: 336,05 km/h со BMW S 1000 RR

Валери Томпсон постави брзински рекорд за мотоцикли. Американската тркачка и шефица на тим возеше 336,05 km/h на легендарното солено езеро Боневил.

Имаме нов рекорд во категоријата MPS-G 1000 за сериски мотоцикли со зафатнина до еден литар и дозволени интервенции во аеродинамиката на мотоциклот. На Валери Томсон во двете возења како што пропишуваат правилата ѝ беа измерени 209,86 mph, односно 207,71 mph на враќање.

Со тоа се исполнија соништата на повеќекратната светска рекордерка да се впише во клубот 200 милји на час на Боневил. Таа пред една и пол година неофицијално извозе уште побрзо: 212 mph, односно 341,18 km/h. Во обата случаи Американката возеше мотоцикл на BMW.

Претходна објаваСветска премиера во Хановер: Новиот Opel Vivaro Combi
Следна објаваJeep Renegade: Толку малечко, а сепак „џип“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here