Синонимот за неуништливо возило на јапонската марка пристига во осмата генерација. Новата Toyota Hilux ја задржува практичноста и разновидноста на претходникот, со карактерот се приближува на Land Cruiser.
Toyota ја пушта во трка осмата генерација на пикапот Hilux. Со уште поцврста носечка рамка и со зајакната каросерија, Hilux поставува нови мерила во поглед на робусноста – заменувајќи го претходникот како докажано најиздржлив пикап. Подобрувања има и во погонот на сите тркала, заради зголемување на теренските способности, а со зголемената носивост дополнително се проширува полето на примена на Hulux.
Целото возило е конструирано од ново, единствено нема промени во изобилството од моделски изведби. Toyota Hilux е достапен во изведби со единечна кабина, со продолжена кабина за четири патници и како патничка варијанта за петмина патници. Во „работните“ варијанти, Duty 4×2, Duty 4×4 и Duty Comfort, пикапот на Toyota е изработен за купувачите што бараат долготрајно возило за работа. Повисоките нивоа на опрема Comfort и Executive, пак, излегуваат во пресрет на купувачите што бараат практично и комфорно возило со погон на сите тркала за слободното време.
We’re in Namibia to let journalists experience how
new #Hilux is tougher, stronger & more capable off-road than ever pic.twitter.com/YAqEtDhlmP— Toyota Europe (@toyota_europe) May 17, 2016
Дизајнерите овојпат добија повеќе работа, со цел да постигнат пикапот да им се допадне и на професионалните корисници и на приватните сопственици. Барањата за удобност се исполнети со функционална и комфорна опрема, но и со внимавање нивото на бучава да се задржи на ниво на патнички автомобил. За пасивната безбедност се грижи цврста патничка кабина, додека активната заштита е задача на системот за предупредување при опасност од судир, со самостојно сопирање и радарско препознавање на пешак на патот, исто како и на системот за следење лента или камерите за читање на сообраќајните знаци.
Активната контрола на тракција A-Trc, системот за помош при спуштање по надолнина DAC и системот за поаѓање по нагоднина HAC се грижат Hulix да поседува теренски способности што не заостануваат зад Toyota Land Cruiser. Со поголемата товарна површина и носивоста до 3,2 тони, новиот Hilux е попрактичен од кога било досега. Имајќи во предвид дека возилото ќе се користи и во големи возни паркови, Toyota внимаваше трошоците за одржување и потрошувачката на гориво на 2,4 литарскиот D-4D да бидат на најниско ниво во класата.
Јапонската марка очекува годишната продажба на европскиот пазар да достигне 40.000 примероци. Од сите досегашни генерации на легендарниот пикап се продадени над 18 милиони примероци. Само во Европа, за пикапот на Toyota лани се решиле 34.000 купувачи, што претставува 23,1% удел од пазарот и на Hilux му ја обезбедува титулата на најпродаван пикап на европскиот пазар.
[FAG id=24346]
















