за

Новите автомобили трошат 42% повеќе гориво од фабричката декларација

потрошувачка на гориво

Сите приказни на производителите дека потрошувачката на нивните автомобили е драстично намалена, паѓаат во вода. Независно истражување покажа дека вистинската потрошувачка е за 42% над фабричките тврдења. Возилата само поскапуваат поради наводно штедливата техника, но во реалноста нема никаков напредок.

Новите автомобили во Европа трошат многу повеќе отколку што производителите наведуваат во официјалните декларации. Реалната потрошувачка е за 42% повисока од податоците на производителите. Тоа го покажа последната студија на Меѓународниот совет за чист транспорт. Уште повеќе заплашува фактот што разликата се зголемува сé поизразено. Во 2001 година, таа изнесувала само девет проценти, за лани да достигне 42 проценти.

Во истиот период, според официјалните податоци на производителите, потрошувачката во ЕУ се намалила за 30 проценти. Заклучокот е дека ништо не се сменило. Во услови на реален сообраќај, потрошувачката воопшто не е смалена. Производителите од година в година и од генерација во генерација постојано декларираат дека техничките иновации во нивните автомобили драстично ја смалуваат потрошувачката.

Само пред десет години, разликата меѓу реалната и фабричката потрошувачка изнесувала 15 проценти

Заклучоците во студијата на Советот за чист транспорт, кој пред две години го откри и дизел-скандалот со возилата на Volkswagen, произлегуваат од анализата на податоците од 1,1 милион возила од осум европски држави. Сите извори потврдуваат дека јазот меѓу потрошувачката во секојдневието и потрошувачката во лабораторија е поголем од кога било досега.

Пострашно од тоа што купувачите на нови автомобили губат по неколку стотини евра годишно е влијанието врз животната средина. Студијата беше објавена првпат пред четири години. Тогаш јазот изнесуваше 25 проценти.

Проблемот лежи во лабаво дефинираните услови на тестирање во лабораторија

Главната причина за разиката е во тоа што потрошувачката на гориво се одредува во лабораториски услови. На тоа се надоврзува и фактот што производителите мамат дополнително со користење специјален софтвер на овие тестирања. Во септември стапија на сила нови директиви коишто се однесуваат на сите нови генерации модели на пазарот. Се очекува со новата тест-постапка да се преполови јазот меѓу реалноста и декларациите.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Македонија: Три од четири автомобили се постари од 10 години

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

 [/tie_slide]

[tie_slide]

Како надлежните ќе го „оправдаат“ беспрекорно чистиот воздух утринава?

 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]

САД пред неколку години започнаа со независни тестирања на потрошувачката на гориво во реални услови на возење иво реален сообраќај. На тој начин, декларираните вредности и фактичката потрошувачка на гориво се разликуваат само незначително.

Во потрага по мистериозниот загадувач на македонскиот воздух

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi интернет велика британија

Купување Mitsubishi преку интернет во Велика Британија

toyota mirai водороден погон

Toyota ќе се перчи со водород на климатската конференција на ОН