за

Новиот Peugeot Boxer претставен на „Технома“

Еуроимпекс денес ја претстави новата генерација на Peugeot Boxer на саемот „Технома“ во Скопје.

Фирмата Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија и Црна Гора, денес на саемот „Технома“ го претстави новиот Boxer. Од импортерот посочуваат дека новиот Peugeot Boxer e возило наменето за професионалци кои бараат врвен квалитет, ефикасност и економичност. Новата генерација на докажаното име на пазарот на доставни возила има сосема нов и современ дизајн, со нова форма на светлата, а како опција и со диодни дневни светла. „Професионалците во Peugeot имаат извршено темелно тестирање на издржливоста на секој елемент кај новиот Boxer. Во тој процес на тестирање новиот Boxer има изминато преку 4.000.000 километри во екстремни услови, вклучувајќи и оштетени патишта. Направени се и тестирања во климатска комора и тестови на корозија со цел да се обезбеди максимален квалитет и издржливост,“ истакнува Ивана Манчева, маркетинг директор во Еуроимпекс.

Моторите на новиот Boxer имаат значително подобрени перформанси. Системот за вбризгување кај 2,2-дизелските мотори е целосно преработен и придонесува за зголемување на степенот на ефикасност. Моторите Еуро 5 кај овој модел се фокусирани кон ниска потрошувачка и ниска емисија на CO2. Подобрувањата продолжуваат со дополнителните зајакнувања на каросеријата, намаленото ниуво на бучност во кабината благодарение на новите носачи на амортизерите, па се до подобрен механизам за ракување со страничната лизгачка врата.

Кај Новиот Boxer активната и пасивната безбедност се на високо ниво, со контрола на стабилноста како стандард уште во основната изведба на моделот. Како опција, новиот Boxer може да биде опремен дури и со камера за рикверц, којашпто го предвидува и потребниот простор за отворање на задните врати.

Во зависност од бизнис потребите, кај новиот Boxer професионалците можат да изберат меѓу четири должини и 3 висини, 8 волумени во дијапазон од 8 до 17 метри кубни, како и различни носивости зависно од моторот и изведбата, во дијапазон од 1.155 до 1.900 килограми. Понудата на каросериски изведби опфаќа затворен или застаклен фургон, фургон со 2 реда седишта, минибус за превоз на патници, сандачар со кабина или двојна кабина, шасија со кабина или двојна кабина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина има најмлади возачи на класата Ѕ на Mercedes

Новиот Hyundai i20 ќе добие турбобензинец со 120 КС