Новиот Kia Sorento со ентериер како во премиум класа

Актуелната генерација на теренскиот знаменосец на Kia веќе напредуваше многу во изработката, а сега Корејците го најавуваат и следното ниво. Sorento ќе им конкурира на германските премиум теренци.

Со објавувањето на првите цртежи од ентериерот на третата генерација на Sorento, Kia најавува уште поубедливо чувство на квалитет и завршна изработка во својот теренски знаменосец. При креирањето на внатрешноста, дизајнерите во центарот во Франкфурт се раководеле според скапите швајцарски часовници. Линиите на кокпитот се едноставни и хармонични, во основата потсеќајќи на благородните британски лимузини, а примената на квалитетни материјали и грижливата изведба на детали, како што се хромираните рамки околу одделните функционални целини, ќе обезбеди чувство како во луксузен автомобил.

Од тоа што го открива цртежот, горната површина на кокпитот ќе биде обложена со кожа во повисоките нивоа на опременост, а во согласност со тоа, за челниот дел од кокпитот ќе се користи мек полиуретан. Конфигурацијата на средишната конзола ја следи идејата од Rio, со извлеченото поле со прекинувачи. Делот од конзолата меѓу седиштата нуди повеќе прегради за сместување предмети благодарение на преоѓањето на електронска контрола за рачката на автоматскиот менувач.

Новиот Kia Sorento ќе доживее премиера во Кореја, кон крајот на август, додека европската премиера ќе следува два месеца подоцна, на 2-ри октомври, на салонот во Париз.

Претходна објаваЗатвор до 4 години за брзите возачи во Швајцарија
Следна објаваНово издание на онлајн магазинот на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here