за ,

Новиот Civic ќе ѝ донесе голем поттик во продажбата на Honda во Европа

Новата генерација на комбилимузинската изведба на Civic ќе стартува со продажба в година, со многу подинамичен дизајн, нови мотори и повеќе простор во кабината.

Прототипот на десеттата генерација на комбилимузинската изведба на Civic е во центарот на штандот на Honda на салонот во Женева. Дизајнот на новиот Civic прави смела отстапка во споредба со актуелната генерација и многу поверно ја оддава динамиката којашто е основа на имиџот на овој модел меѓу европските купувачи. Според Жан-Марк Стренг, првиот човек на Honda Motor Europe, „Civic е синоним за марката Honda и клучен модел за Европа, со силна продажба и долга традиција на производство во регионот.“ Стренг и официјално потврди на салонот дека новиот Civic ќе стартува со продажба веќе во почетокот на следната година.

Civic Hatchback Prototype at Geneva Motor Show 2016Во споредба со актуелниот модел, новакот ќе биде 30 милиметри поширок, 20 милиметри понизок и 130 милиметри подолг. Понудата од погонски единици ќе ја сочинуваат 1,0-литарски и 1,5-литарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување, како и модифицирана верзија на 1,6-литарскиот дизел i-DTEC. Civic е прв модел од европска продукција што ќе ги добие комплетно новите бензинци на Honda.

Комбилимузинската изведба на Civic ќе се произведува единствено во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија и оттаму ќе се извезува на глобалниот пазар. Јапонската марка веќе вложи 270 милиони евра во новите производствени технологии за моделот, со што се зацврстува улогата на британската фабрика во глобалната мрежа на Honda.

Honda ја објави цената за суперспортскиот NSX за европскиот пазар: 180.000 евра
Honda ја објави цената за суперспортскиот NSX за европскиот пазар: 180.000 евра

Плановите на Honda предвидуваат продажбата да достигне 200.000 примероци годишно со воведувањето на новиот Civic, додека за годинава се очекуваат 160.000 примероци од новиот Jazz, HR-V и Civic Type R. Во првите два месеца од годинава веќе се нарачани над 18.000 примероци од овие модели, што претставува раст од 17 проценти во споредба со ланската година.

Следуваат уште два нови модела. На салонот беше објавено дека суперспортскиот NSX ќе чини 180.000 евра на европскиот пазар и ќе стартува со продажба наесен, а моделот со погон на водород Clarity Fuel Cell пристига во септември и во почетокот ќе биде достапен само во Велика Британија и Данска, кадешто според процените на Honda веќе постои задоволителна мрежа од станици за полнење водород како погонско гориво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Centenario чини 1,75 милион евра и веќе е распродаден

Визија на BMW за некогаш во следните сто години