Нова генерација на Kia Rio пристига на салонот во Париз

Kia ќе ја претстави четвртата генерација на Rio кон крајот на септември, на салонот во Париз. Првите објавени скици најавуваат дека Rio и натаму ќе се издвојува со динамичната појава. Студија од три континенти учествуваа во создавањето на дизајнот.

На салонот на автомобили во Париз, на 29-ти септември, Kia ќе ја претстави четвртата генерација на Rio, на светскиот бестселер на марката. Првите официјални скици од производителот најавуваат модел со моќен настап од сегментот B, со јасни, допадниви линии и со со нов, самостоен карактер. Во споредба со претходникот се продолжени предниот каросериски превис, хаубата и меѓуоскиното растојание. Тоа придонесува за самоувереност во појавата на новиот Rio, исто како и релативно исправените задни столбови.

kia rio IV skici 00002

Во создавањето на новиот дизајн на каросеријата и на внатрешноста учествуваа дизајнерските центри на Kia во Франкфурт и во Ирвајн (Калифорнија), во тесна соработка со главниот центар на марката во корејскиот Намјанг.

kia rio IV skici 00003

Само лани во светот се продадоа 473.000 примероци од актуелниот модел од третата генерација. Новиот Rio ќе се надоврзе на одличните продажни успеси на претходникот со практичност, нови системи за безбедност и поврзување и користење на преносни уреди и услуги. Техничарите ветуваат и уште подобра управливост.

Моделот за европскиот пазар ќе стартува со производство кон крајот на годинава, а потоа ќе следат и моделските изведби за останатите пазари.

Претходна објаваТеренецот Urus ќе ја удвои продажбата на Lamborghini
Следна објаваAuto Bild со детали за малечкиот теренец на Шпанците: Seat Arona пристига во 2018

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here