за

Нова генерација на Ford Fiesta стартува в година

Моментно најпродаваниот градски автомобил на европскиот пазар ќе добие наследник в година. Осмата генерација на Fiesta веќе се тестира во нормален сообраќај, маскираната каросерија не открива многу за изгледот на наследникот.

Fiesta е силен играч во моделската понуда на Ford и во актуелната генерација постојано е на врвот на продажбата во својата класа. Моментно, Fiesta е втор најпродаван модел на европскиот пазар по Volkswagen Golf. Но, веќе доаѓа време за генерациска замена на моделот што е на пазарот уште од 2008 година и претрпе темелно освежување четири години подоцна. Наследникот пристига веќе в година, базиран врз модифицирана верзија на постоечката глобална платформа на Ford за модели од сегментот Б.

Во поглед на димензиите и во основната каросериска форма нема да се случат драстични промени, единствено стилот ќе се усогласи во актуелниот дизајнерски говор на марката од Келн. Од првите фотографии од прототипите на тестирање може да се забележи дека носот на возилото ќе биде понизок во споредба со актуелниот модел, маската ќе добие на ширина и ќе допира до тенките предни светла.

ford 1984651_2

Поголеми промени има во формата на задните светла, коишто во иднина повеќе ќе зафаќаат во крилата и исто така ќе добијат на ширина. Со воведувањето на новиот Ka+ како основен модел во понудата, се остава простор Fiesta да направи значаен чекор напред во поглед на завршната изработка и опременоста, како предизвик за конкурентите.

Fiesta ќе се позиционира повисоко по пристигањето на Ka+ како основен модел

Соодветно на повисоката спецификација на идниот модел во споредба со актуелната Fiesta ќе биде преработен и стилот во кокпитот, којшто ќе оддава поубедлив впечаток за квалитет. Дисплеј на допир во средишната конзола ќе служи за ракување со повеќето функции на возилото, во замена за класичните прекинувачи, а со оглед на целната публика, во ракувањето ќе помага и третата генерација на системот за гласовна команда Sync, вклучувајќи напредни можности за поврзување со паметен телефон и други преносни уреди.

ford f_renderОд системите за асистенција пристигаат систем за следење лента, контрола на мртвите агли на каросеријата, како и камера за читање сообраќајни знаци. Под хаубата ќе работат исклучиво трицилиндарски мотори од генерацијата EcoBoost, со турбонатполнење и директно впрскување. Секако дека нема да се пропушти спортската верзија ST како врв во понудата, којашто ќе биде претставена по премиерата на стандардните моделски изведби на Fiesta.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes стартува нова генерација електрични автомобили во Париз

Honda NSX во тркачка двојка ќе напаѓа на Пајкс Пик