Новата серија 5 на BMW пристига во салоните на 11-ти февруари

bmw казна јужна кореја

Првите примероци од новата серија 5 ќе се појават во салоните на BMW веќе во почетокот на следната година. Цената на основниот модел во Германија изнесува 45.200 евра. Неколку месеци по стартот на лимузината ќе следат комби-изведбата Touring и верзијата GT.

BMW ќе ја започне новата година со стартот на продажбата на серијата 5, којашто кај германските дилери на марката ќе се појави веќе на 11-ти февруари. Цената на основниот модел на германскиот пазар изнесува 45.200 евра. Во текот на летото треба да се очекува и комби изведбата Touring, за пред завршетокот на годината да се појави и новиот GT.

Извори од претпријатието откриваат дека „хардкор-патничката“ изведба GT во иднина ќе се води како припадник на серијата 6, додека купето и кабриолетот од актуелната серија 6 ќе „пораснат“ во серија 8. Овие две каросериски изведби ќе бидат претставени во 2018 година.

Осумстепен автоматик во сите моделски изведби освен во 520d

Основниот модел BMW 520d со 190 КС е единствениот во серијата 5 што ќе биде достапен со мануелен менувач. Сите останати моделски изведби располагаат сериски со осумстепен автоматски менувач. Во сериската опрема за германскиот пазар се опфатени и диодни предни светла, како и навигациски систем. Најевтин модел со бензински мотор е BMW 530i со 252 КС и цена од 49.800 евра.

На спротивниот крај од понудата е M550i xDrive, со шестцилиндарски турбо со 462 КС и погон на сите тркала, чијашто цена изнесува 82.700 евра. Гамата на серијата 5 ќе биде крунисана во 2018 година со пристигнувањето на новата генерација на M5.

https://automedia.mk/objavi/25795

Дури и во „најбавната“ изведба, серијата 5 вози со 232 километри на час, додека крајната брзина во останатите верзии е џентлменски ограничена на 250 km/h. Шампиони во штедливост ќе бидат 520d во верзијата ED Edition, со нормирана потрошувачка од 3,9 литри дизел, како и плагин-хибридот 530e со 252 КС, досег на струја до 50 километри и „хибридна“ потрошувачка 1,9 литар бензин на сто километри.

Преглед на моделската гама на серијата 5 на BMW

(ценовник за германскиот пазар)

Моделска изведба Мотор (цил./ ccm) Моќност (КС) Цена (евра)
530i 4 / 1998 252 49800
530i xDrive 4 / 1998 252 52400
540i 6 / 2998 340 57700
540i xDrive 6 / 2998 340 60300
M550i xDrive 8 / 4395 462 82700
520d 4 / 1995 190 45200
520d (A) 4 / 1995 190 47450
520d xDrive 4 / 1995 190 50000
520d ED Edition 4 / 1995 190 47750
530d 6 / 2993 265 54300
530d xDrive 6 / 2993 265 56900

[FAG id=25798]

Претходна објаваКритична маса в среда има „Визија за Македонија на точак“
Следна објаваКога Mercedes печати книга за SL: На 528 страници и три килограми тешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here