Во минатиот месец Mercedes постигна рекордна продажба од 180.599 возила низ светот. Тоа е веста што се повторува веќе подолго од четири години. Новата E-Class го оправдува епитетот на столб на марката. Над 250.000 примероци од стартот на продажбата.
Априлската проджба не донесе ништо „ново“ за Mercedes. Со повеќе од 180.000 продадени примероци и раст од 10 проценти, марката со сребрената ѕвезда си постави нов рекорд – исто како во претходните 49 месеци. Од почетокот на годинава светот доби 741.224 нови автомобили од Mercedes (+14,5%). Во минатиот месец, „мерџо“ беше најпродавана премиум марка во Германија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Португалија, Јапонија, Австралија, Тајван, САД и Канада.
Најпродаван модел е C-Class, со 33.666 примероци, вклучувајќи ја и продолжената изведба којашто е наменета исклучиво за пазарот во Кина. Столбот на марката, E-Class, следи со 28.827 примероци и 52,4% раст во споредба со ланскиот април. За една година, низ светот се продадоа над 250.000 примероци од лимузината и комбито.
Рекорди не изостануваат и кај теренците, кои од почетокот на годинава постигнаа 59.729 продажби (+5,5%). Најголем удел во овој успех има GLC, а поттик се очекува и од новиот GLA, чијашто продажба на европскиот пазар стартуваше минатиот месец.
Продажба на Mercedes-Benz Cars
|
|
Април 2017 |
Промена во % |
До април 2017 |
Промена во % |
|
Mercedes-Benz |
180.599 |
+10,1 |
741.224 |
+14,5 |
|
smart |
10.952 |
-9,4 |
45.108 |
-5,1 |
|
Mercedes-Benz Cars |
191.551 |
+8,7 |
786.332 |
+13,1 |
|
|
|
|
|
|
|
Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари |
|
|
|
|
|
Европа |
75.928 |
+3,9 |
309.257 |
+9,0 |
|
– Германија |
24.577 |
-4,7 |
95.171 |
+5,0 |
|
Азија |
68.485 |
+29,8 |
287.903 |
+27,9 |
|
– Кина |
47.627 |
+35,3 |
192.574 |
+36,8 |
|
Северна Америка |
32.049 |
-5,9 |
126.191 |
+3,5 |
|
– САД |
26.932 |
-7,9 |
106.073 |
+1,0 |
















