Намерата на сопственик на реткиот и пеколно скап LaFerrari да покаже колку му вреди автомобилот заврши како трагикомедија по улиците на Будимпешта. Има и уште еден важен детал.
Возач во Будимпешта сигурно е одушевен од глетката пред себе, кога камерата во неговиот автомобил регистрира ексклузивен и скапоцен примерок на Ferrari LaFerrari, еден од 499-те произведени примероци. Одненадеж, возачот на италијанскиот суперспортски автомобил изведува погрешен маневар и за миг завршува каде што не треба.
Според разговорот во кабината, снимателот на видеото е пријател со сопственикот на LaFerrari – кој штотуку излегол со новиот автомобил од салонот на италијанската марка! Ова е четврти примерок на LaFerrari што доживува непријатна судбина.
















