за ,

Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри

Volkswagen Beetle silverstone auction

Volkswagen Beetle стар 42 години во речиси фабричка состојба ќе се појави на наддавање на крајот на мај. Се очекува автомобилот со само еден сопственик да достигне цена до 40.000 евра.

Уникатно е најпогодениот збор за овој Volkswagen Beetle од 1974 година. Со само еден досегашен сопственик и со поминати 90 километри, не постои друг примерок од Volkswagen Beetle што е повеќе сочуван во оригиналната состојба. Дилер на Volkswagen од италијанската Џенова го испорачал возилото на 23-ти јануари 1974 година на извесен Армандо Сгрои. Тоа бил првиот автомобил на господинот Сгрои, кој воопшто не бил љубител на возењето. Како длабоко религиозен човек, тој секоја недела пешачел до локалната црква, сместена на рид. Неговиот дом се наоѓал во близина на црквата, но годините веќе почнале да го совладуваат и користењето автомобил станало неопоходност.

Со текот на годините, религиозниот Италијанец сé поретко ја посетувал црквата. Во 1978 година, автомобилот бил конечно оставен во шупа, кадешто останал да мирува близу четири децении. По неодамнешното откривање на возилото биле извршени неколку полесни зафати за освежување на неговата состојба и истото ќе се најде на наддавањето во Данска, закажано за 28-ми мај. Се очекува цената да достигне меѓу 35 и 40 илјади евра.

Најмалку возениот Volkswagen Beetle на светот има каросерија во металик сина боја и седишта обложени со црна кожа. Маслото во моторот не е сменето уште од фабричката испорака на возилото, а ниту гумите не се сменети. Заедно со возилото следуваат оригиналните прирачници и фактури, како и неотпакуван алат.

Автомобилот ќе биде дел од наддавањето во организација на прочуената Silverstone Auctions, во рамките на престижниот фестивал на мотоспортот во Данска.

[FAG id=24326]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Mitsubishi Space Star 1.2 Invite

Уште еден дизајнер на Bentley во луксузната марка на Hyundai